Едукативно-забавен портал на Град Прилеп

10bez10.com

Временска прогноза

21.11 / Сре
22.11 / Чет
23.11 / Пет
24.11 / Саб
25.11 / Нед
10° 26.11 / Пон
27.11 / Вто

Банкометар

Банкометар

10bez10.com

Содржина

Содржина

Во периодот од 15 до 17 Јуни 2018 година во Прилеп во организација на Џудо Клубот СЕИШИН-Прилеп во соработка со Џудо Клубот ЏУНС Нови Сад Србија се одржа тридневен Меѓународен џудо камп „Прилеп 2018“ за помлади пионери и пионерки.

Одржан тридневен Меѓународен џудо камп „Прилеп 2018“ - seishin treneri min

Кампот го предводеше Проф. Д-р Славко Обадов 9 Дан-степен носител на Еврпоски, Светски и Олимписки титули моментално тренер на ЏК Џунс Н.Сад и Претседател на ДАН Комисијата во Р.Србија и Г-ин Мирољуб Ничиќ 6 ДАн -степен Претседател на Џудо Федерација на Р.Србија регион Војводина и Претседател на ЏК Џунс Н.Сад Србија.

На овој камп настапија вкупно 60 такмичари од наведените возрасни категории од 6 клубови од Македонија и Србија (Џунс , Н.Сад, Сеишин, Пролетер, Санакаку од Прилеп, Гладијатор Кочани и Чурин од Битола).

На овој камп младите џудисти се стекнаа со нови знаења и искуства а тренерите со нови методски постапки за одредени техники за учење на своите ученици. Задоволството беше големо кај сите да се присуству на еден ваков џудо камп предводен од ЛЕГЕНДАТА на ЏУДО СПОРТОТ Славко Обадов, бидејќи ова за прва пат се случува во Македонија Прилеп каде бил присутен човек со највисока титула во џудо спортот. Така што на овој камп учествуваа и неколку џудо ветерани кои во слободните термини евоцираа спомени со Мајсторот Обадов и се присетуваа на неговите борби како и заеднички ваксви искуства од џудо семинари и кампови. 

Сите учесници се здобија со Благодарници за учество Предводниците на кампот Обадови и Ничиќ добија ПЛАКЕТИ од страна на организаторот СЕИШИН Прилеп. Професорот возврати со доделување на дел од тренерите со некои од неговите книги за џудо спортот. 

На крајот се заврши со потпишување МЕМОРАНДУМ за СОРАБОТКА помеѓу Џудо Клубот СЕИШИН-Прилеп и Џудо Клубот ЏУНС Нови Сад, каде што во идниот период соработката ќе се продлабочува со цел унапредување на џудо спортот и размена на искуства.  

/Прес соопштение на Џудо Клубот СЕИШИН-Прилеп

Коментари

Коментари

Реклама