Едукативно-забавен портал на Град Прилеп

10bez10.com

Временска прогноза

21.11 / Сре
22.11 / Чет
23.11 / Пет
24.11 / Саб
25.11 / Нед
10° 26.11 / Пон
27.11 / Вто

Банкометар

Банкометар

10bez10.com

Содржина

Содржина

Членовите на џудо клубот „Бушидо“, од меѓународниот џудо турнир во Србобран, Република Србија, се вратија со 10 освоени медали. Постигнатиот успех беше причина младите прилепски џудисти и нивните тренери, да бидат примени од градоначалникот Илија Јованоски.

Младите џудисти од џудо клубот „Бушидо“, од турнирот во Србобран се вратија со десет медали - bushido

Честитајќи им на успехот, градоначалникот рече дека постигнатите резултати претставуваат успех како за нив и нивниот клуб, така и за Прилеп.

На младите џудисти од џудо клубот „Бушидо“ им го честитам успешниот настап на меѓународниот турнир во Србобран, каде учествуваа 10 наши натпреварувачи и освоија 10 медали. Тоа е личен успех за нив, успех за клубот, а успех и за општина Прилеп, бидејќи ретко се случува на меѓународен натпревар да отпатуваат 10 спортисти и да освојат исто толку медали. Им честитам на успехот, со надеж дека во иднина ќе постигнуваат уште подобри резултати“, истакна градоначалникот Јованоски.

Тренерот на џудо клубот „Бушидо“, Рубин Пеески, им се заблагодари на локалната самоуправа и градоначалникот Јованоски, бидејќи, како што рече, добиената поддршка претставува стимул и шанса за младите џудисти да ја претставуваат општината надвор од границите на нашата држава.

На меѓународниот турнир во Србобран, учествуваа околу 300 натпреварувачи од 9 држави. На турнирот се натпреваруваа пионери родени од 2004 до 2008 година. Од нашиот клуб на турнирот учестуваа Ема Димитриоска, Миле Грижоски, Кристијан Магероски, Елеонора Илиоска, Мартина Јанкоска, Стефанија Петреска, Христијан Здравески, Лука Филипоски, Филип Петроски и Филип Попоски. Тоа беа десетте џудисти од нашиот клуб „Бушидо“, кои освоија 10 медали“, изјави Пеески.

Џудо клубот „Бушидо“ постои од 2014 година и во него членуваат четириесетина млади џудисти, кои во изминатата година, на разни натпреварувања, освоиле исто толку медали.

Коментари

Коментари

Реклама