Едукативно-забавен портал на Град Прилеп

10bez10.com

19°

Временска прогноза

19° 19.03 / Вто
14° 10°20.03 / Сре
12° 21.03 / Чет
13° 22.03 / Пет
13° 23.03 / Саб
15° 24.03 / Нед
12° -2°25.03 / Пон

Банкометар

Банкометар

10bez10.com

Содржина

Содржина

Нова група од тренери, вкупно 14, викендов во Дојран стана сопственик на лиценца од втора категорија и се здоби со право да ја продолжи едукацијата за највисоката трета категорија што ја доделува ЗРТ, односно РФМ, објави G-Sport.

Нова група од 14 тренери еден чекор поблиску до Мастер лиценца - grupna treneri master licenca

Меѓу 14-те тренери има и многу добро познати имиња како Наумче Мојсовски, Раде Стојановиќ, Митко Стоилов, Игор Котевски, потоа Андријана Будимир, Веселинка Треноска... 

Тие успешно го завршија вториот модул и рековме продолжуваат за Категорија 3, по што ќе се стекнат со право да водат и сениорски тим (откако ќе исполнат и услов за доволно искуство) како и со право да аплицираат и за мастер коуч лиценца на ЕХФ. 

За време на обуката која традиционално се одржува во Дојран, имаа и неочекувана посета. Дел од играчите на Академија Младост, новиот клуб и школа на Митко Стоилов дојдоа во Дојран за да се видат, разменат некое искуство, слушнат нешто ново од тренерската фела. Потег што е секако за поздравување и треба да биде и пример за другите, ако ништо друго тогаш поради респектот кон тренерите.

Убав потег, во секој случај на младите „Академци“. 

Тренери кои добија лиценца од втора категорија

  1. Александра Кузмановска – Кузман Илинден и Вардар
  2. Веселинка Треноска – РК Шампион
  3. Наумче Мојсовски – РК Струга
  4. Радослав Стојановиќ  - РК Металург
  5. Игор Котевски  - РК Бутел Скопје
  6. Митко Стоилов – РК Академија Младост
  7. Татјана Бојкова   -ЖРК Гевгелија
  8. Гоце Стоилов - Делчево
  9. Александар Таневски – РК Филип Вардар
  10. Слободан Чивлачки – РК Шампион
  11. Сара Богеска – ЖРК Деспина
  12. Здравка Дамовска –РК КЛ7
  13. Андријана Будимир - Вардар
  14. Билјана Богданова Смилевска – РК Лихнид 2012

Коментари

Коментари

Реклама