Едукативно-забавен портал на Град Прилеп

10bez10.com

Временска прогноза

12°26.09 / Сре
12° 27.09 / Чет
14° 28.09 / Пет
23° 10°29.09 / Саб
30.09 / Нед
-1°01.10 / Пон
13° 02.10 / Вто

Банкометар

Банкометар

10bez10.com

Содржина

Содржина

Ветеранот и селектор на македонската параглајдинг репрезентација Миле Јованоски и членовите на клубот Делта од Прилеп уште еднаш докажаа дека се врвни спортисти со кои се гордее Прилеп и Македонија, пренесе Инфокомпас.

Миле Јованоски освои трето место на меѓународен натпревар во параглајдерство - mile jovanoski treto mesto paraglajderstvo min

Јованоски го освои третото место на големиот меѓународен натпревар во параглајдерство во дисциплината прицизно слетување кој од 22 до 24 декември се одржа во албанскиот град Корча.

На натпреварот учествуваа над 50-тина пилоти од Албанија, Косово, Србија, Македонија, Бугарија, Грција, Турција и Англија. Второ место на натпреварот беше Хизри Губедини од Косово, а првото место го освои Јасен Нејчеб од Бугарија.

Тимот Делта предводен од Миле Јованоски го освои и првото место во екипна конкуренција, второ место екипно беа учесниците од Косово, а трето тимот ОЗОН од Албанија.

Ова е само еден од многубројните меѓународните турнири годинава од каде семејството Јованоски се враќа со освоен медал.

Последниот таков успех беше на меѓународниот натпревар Prilep Open, пред неколку недели, каде браќата Борјан и Мартин Јованоски го освоија второто и третото место.

Коментари

Коментари

Реклама