Едукативно-забавен портал на Град Прилеп

10bez10.com

22°

Временска прогноза

22° 17°17.06 / Пон
23° 17°18.06 / Вто
23° 17°19.06 / Сре
22° 17°20.06 / Чет
24° 18°21.06 / Пет
26° 20°22.06 / Саб
27° 20°23.06 / Нед

Банкометар

Банкометар

10bez10.com

Содржина

Содржина

Џудо Клубот СЕИШИН Прилеп на овој Турнир учество зеде со 2 натпреварувачи, а освоени се 3 медали (1 златен и 2 бронзени).

На меѓународен турнир во Црна Гора: Џудо клубот „Сеишин“ од Прилеп освои три медали - 17.10gudo1 min

Викендов во Никшиќ Црна Гора се одржа 9-ти Меѓународен Турнир во Џудо „Трофеј Никшиќ-2017“ во организација на Џудо Клубот „Оногошт“-Никшиќ ЦрнаГора, објави Sportski.mk.

На Турнирот учество зедоа околу 260 натпреварувачи од 7 држави: Црна Гора, Србија, Словенија, Босна и Херцегоцина, Хрватска, Косово и Македонија со околу 30 клубови.

Џудо Клубот СЕИШИН Прилеп на овој Турнир учество зеде со 2 натпреварувачи, а освоени се 3 медали (1 златен и 2 бронзени).

Имено Орде Трајкоски настапи во категорија Пионери -73 кг каде освои 1-во место и во категорија кадети -73 кг. каде освои 3-то место. Цинцароски Марио настапи во категорија Кадети +90 кг каде освои 3-то место. Екипата ја предводеа Дејан Џокоски и ветеранот Киро Здравески.

Џудо Клубот СЕИШИН е еден од најдобрите во Македонија и во наредниот период има покани за повеќе меѓународни турнири.

Коментари

Коментари

Реклама