Едукативно-забавен портал на Град Прилеп

10bez10.com

Временска прогноза

15.12 / Пет
11° 16.12 / Саб
17.12 / Нед
-1° -5°18.12 / Пон
-0° -1°19.12 / Вто
-3°20.12 / Сре
-0° -8°21.12 / Чет

Банкометар

Банкометар

10bez10.com

Содржина

Содржина

На 08.10.2017 во Прилеп спортска сала на ООУ Добре Јованоски се одржа 9-ти Меѓународен турнир во Џудо Прилеп Град Херој 2017.

Видео: Над 250 учесници на 9-тиот меѓународен турнир во џудо „Прилеп Град Херој 2017“ - 9ti megjunaroden turnir dzhudo

Турнирот беше во организација на ЏК СЕИШИН Прилеп на кој учество зедоа околу 250 натпреварувачи од 22 клубови од МАкедонија, Грција, Бугарија, Црна Гора, Албанија и Косово.

„Се чувствувам многу среќна што гледам како стотици луѓе вежбаат џудо денеска. Џудото потекнува од Јапонија и е старо како спорт стотици години. Во 1964 година стана дел од Олимписките игри во Токио, а во 2020 година исто на Олимписките игри кои треба да се случат во Токио повторно џудото ќе ја има својата главна улога. Во Македонија овој спорт е доста популарен, многу луѓе се занимаваат со него и помагаат на други земји каде џудото се практикува. Затоа се надевам дека Јапонија во иднина ќе и помогне на Македонија за уште поголем развој на овој спорт“.

- рече Кеико Ханеда, амбасадор на Јапонија во Македонија.

„Многу голема чест ни е тоа што турнирот го отвори јапонската амбасадорка во Македонија. Задоволен сум од посетеноста од странство и секако задоволен сум од присуството на македонските клубови. Голема благодарност до македонската џудо федерација која ни овозможи да го одржиме овој турнир во Прилеп. Исто сакам да искажам благодарност до Општина Прилеп која ни помогна околу турнирот. Се надевам дека борбите ќе бидат фер и дека се ќе заврши во најдобар ред. Во Македонија се формирани 21 клуб за џудо. Активни се околу 18, има општини каде и воопшто го нема, но бројноста се зголемува и џудо федерацијата се обидува да најде начин да го одржи ова темпо и се надевам дека во иднина ќе биде уште подобро“.

- изјави Дејан Ширкоски, претседател на џудо клуб „Сеишин“ и генерален сектерар на џудо федерација на Македонија.

Гостите од странство беа презадоволни од организацијата и квалитетот на турнирот.

„Неколку години по ред доаѓаме тука. Се трудиме да учествуваме на сите квалитетни турнири на Балканот, а овој е еден од нив. Можеби и еден од најдобрите. Имаме одлична соработка со клубот „Сеишин“ од Прилеп. Џудото е популарен спорт на овие простори, тоа го докажува и ова големо присуство тука. Мислам дека и понатаму ќе имаме успешна соработка со Македонија исто како и досега“.

- истакна Драган Мрвалиќ, учесник од Црна Гора.

„Се радувам што сме гости во Прилеп јас доаѓам како претставник на еден од најсилните спортски клубови од Бугарија, „Спортска академија Стамен“ од Сливен.Тука сме 8 години по ред. Благодарам на гостопримството на нашите пријатели од Македонија, организацијата на турнирот е одлична. Македонски како и бугарските клубови се добро се развиваат и се надеваме дека Балканот ќе стане една сиилна светска џудо сила“.

- вели Лачезар Темелков, учесник од Бугарија.

Пред се турнирот има карактер за борби на деца млади пионери и пионерки и кадети и кадетки. За најдобрите клубот организатор има обезбедено благодарници, медаљи и пехари.

„Со џудото се занимавам околу 8 години, интересот за овој спорт кај младиите е се поголем. Пред околу еден месец учествував на балканското првенство за сениори каде што џудо федерацијата на Македонија беа домаќини. Јас го освоив третото место, прво место беше претставничката од Турција, а второ од Црна Гора“.

- кажа Александра Најдоска, член на џудо клуб „Сеишин“.

Главната цел на турнирот била ширење на џудото и негова популаризација како олимписки спорт и негово омасовување во Македонија. Прилеп пак може да се пофали како зачетник на џудото во Македонија.

  1. Џудо Клуб: КДД Вихрен Сандански-Бугарија
  2. Џудо Клуб: Биоком-Ставен Сливен Бугарија
  3. Џудо Клуб: Кастриоти- Феризај Косово
  4. Џудо Клуб: Оногошт-Никшиќ Црна Гора
  5. Џудо Клуб: Левски Софија Бугарија
  6. Џудо Клуб: Илинден -Софија Бугарија
  7. Џудо Клуб: Бесељонза-Лежа  Албанија
  8. Џудо Клуб: Пелистер Битола
  9. Џудо Клуб: Кожувчанка Кавадарци
  10. Џудо Клуб: Преспа Ресен
  11. Џудо Клуб: Гладијатор -Кочани
  12. Џудо Клуб: Миоки-Скопје
  13. Џудо Клуб: Бушидо Прилеп
  14. Џудо Клуб: Мастер Прилеп
  15. Џудо Клуб: Ипон Скопје
  16. Џудо Клуб:Пролетер Прилеп
  17. Џудо Клуб: Дрим -Струга
  18. Џудо Клуб: Филипос Аминдео Грција
  19. Џудо Клуб: Петра-Петрич -Бугарија 
  20. Џудо Клуб:Сакура Катерини-Грција
  21. Џудо Клуб:Сеишин-Прилеп
  22. Џудо Клуб:Полиси -Приштина

Официјалните лица на натпреварот:

  • Претставник од Џудо Федерација на Македонија:Г-ин Ванчо Настов-Претседател
  • Претставник од Балканска Џудо Федерација:Г-ин Александар Вучковиќ, Зеглул Реџепи
  • Претставник од ИЏФ: Г-ин Габриел Сапта

Останати гости:

  • Нејзина Екселенција г-ѓа Кеико Ханеда, Амбасадор на Јапонија,
  • г-ѓа Казу Лешниковска, поранешен Почесен Генерален Конзул на Јапонија.
  • Градоначалник на општина Прилеп Г-н Марјан Ристески

Натпреварувачка комисија:

  • Филип Ковилоски (претседател),
  • Дејан Џокоски (член),
  • Кирил Милошески  (член),
  • Ромео Рајков  (член).

Судии на натпреварот:

  • Томче Јосифоски - Раководител,
  • Златко Јолески,
  • Менде Илиоски,
  • Мартин Јаковлески,
  • Даниел Велески,
  • Никола Велески,
  • Филип Јовески,
  • Владимир Талески,
  • Мирослав Владимиров,

Лекар на натпреварот:

Д-р Гоце Јонзоски и асс.Катерина Јованоска

 

Турнирот го отвори  Нејзина Екселенција г-а Кеико Ханеда, Амбасадор на Јапонија / Her Excellency Ms. Keiko Haneda, Ambassador of Japan

Џудо Клубот СЕИШИН им се Заблагодарува на сите кои на било каков начин помогнаа во успешната организација на овој настан кој своевремено беше најмасовен досега од самиот почеток!!!

Коментари

Коментари

Реклама