Едукативно-забавен портал на Град Прилеп

10bez10.com

33°

Временска прогноза

33° 25°23.08 / Пет
30° 22°24.08 / Саб
30° 19°25.08 / Нед
28° 18°26.08 / Пон
26° 18°27.08 / Вто
25° 20°28.08 / Сре
27° 19°29.08 / Чет

Банкометар

Банкометар

10bez10.com

Содржина

Содржина

Професорка по физичко образование, спорт и здравје Ангела Ѓелинческа, која е фитнес шампион на Република Македонија за 2016/2017 и се вбројува во топ 5 спортистки на Балканските бофибилдинг и фитнес натпревари отвара студио за аеробик и пилатес во Прилеп.

Македонската шампионка во фитнес, Ангела Гелинческа отвара студио за аеробик и пилатес во Прилеп - Angela Gelinceska

Гелинческа е .веќе 7 години инструкторка по аеробик, фитнес инструктор и персонален тренер

Тренинзи кои ќе се одржуваат во нејзиниот нов BodyLab вклучуваат hi-low aerobik, Body Combat i Body&Mind Pilates ( 40+) HI-LOW aerobic што е одличен начин за намалување или регулирање на телесната тежина.

Тренингот HI-LOW aerobic,како што објасни Ангела, се состои од лесни кореографии и вежби од висок и низок интензитет комбинирани кои се совршени за горење калории и тонирање на телото.

Body Combat се високо-енергетски тренинзи и се инспирирани од боречки вештини и се целосно бесконтактни и нема сложни потези за совладување, а тоа ќе ве предизвика да го зголемите интензитетот за да извлечете максимум од секој круг - објаснува Гелинческа.
Македонската шампионка во фитнес, Ангела Гелинческа отвара студио за аеробик и пилатес во Прилеп - gelinceska 2

Пилатес вежбите се насочени кон стабилизирање на работата на срцето, со нагласување на исправеното држење и правилното дишење. Пилатесот се практикува лежерно и особено добар за лица со послаби зглобови и претходни повреди. Најголемиот дел од пилатес вежбите за подвижност на зглобовите, зајакнување на мускулите и срцето, ги олеснува болите во грбот, како и правилното дишење, можат да се изведат вежбајќи на сите нивоа на физичката кондиција - додава таа.

Тренинзите ќе се одржуваат во прилепската гимназија Мирче Ацев во понеделник и среда од 21 часот, и петок од 20 часот, а со тренинзи започнува на 02.10.2017

Контакт за дополнителни информации: bodylabprilep@gmail.com  или на Фејсбук профилот на BodyLab

Коментари

Коментари

Реклама