
Првенството беше во организација на Федерацијата на Училишен Спорт, Џудо Федерацијата на Македонија и техничка организација на Џудо Клубот Сеишин и Џудо Клубот Бушидо од Прилеп.
На натпреварувањето меѓу ученици, настапија вкупно 135 џудисти, од 26 основни училишта од Македонија, а од џудо клубот СЕИШИН -Прилеп настапија вкупно 17 натпреварувачи, овојпат претставувајќи ги своите училишта, притоа освоени се вкупно 12 медали (3 златни, 4 сребрени и 5 бронзени).
Во натпреварот за јуниори и јуниорки, Џудо Клубот Сеиши зеде учество со 8 натпреварувачи од кои 7 во машка и 1 во женска конкуренција и се освоени вкупно 6 медали (1 златен, 2 сребрени и 3 бронзени).
Коментари
Коментари