Едукативно-забавен портал на Град Прилеп

10bez10.com

34°

Временска прогноза

34° 16°02.07 / Нед
16° 15°03.07 / Пон
20° 16°04.07 / Вто
28° 15°05.07 / Сре
29° 16°06.07 / Чет
31° 17°07.07 / Пет
32° 19°08.07 / Саб

Банкометар

Банкометар

10bez10.com

Содржина

Содржина

В недела кај месноста Топташ, во близина на Прилеп во организација на клубот за екстремни спортови „Skyriders“ од Прилеп ќе се одржи втората downhill трка насловена како „Топташ 2017“.

Downhill велосипедска трка викендов по втор пат во Прилеп - A5A8E53BD3A1488E162C46C5A859E35C8A6571358406763F4Cpimgpsh fullsize distr

На трката се очекува присуствуваат 50-тина учесници од Македонија, Црна Гора и Бугарија. Инаку downhill е вид на спорт со велосипеди кој кај нас моментално сеуште е во развиток. Велосипедистите не се искачуваат нагоре по планината туку со велосипедите само се спуштаат надолу.

Патеката е исполнета со екстремни скокови и се вози по доста тешки терени и секции. Оние кои се занимаваат со овој спорт велат дека тој е доста ризичен и екстремен.

Златко Спиркоски, член на клубот за екстремни спортови „Skyriders“

По втор пат се организира ова трка „Downhill Топташ“, годинава како „Цевитана downhill Топташ 2017“, под покровителство на Општина Прилеп и со помош од главниот спонзор „Витаминка“. Трката ќе се одвива од врвот Топташ па се до резервоарот за снабдување со вода во близина на магисталниот пат Прилеп-Битола. Патеката е долка 1,8 км. Натпреварот ќе се одвива во три категории, и тоа од 18 години па нагоре, потоа јуниори и третата латегорија е за велосипеди само со преден амортизер и назад со тврда вилушка. 10-тина години овој спорт се развива во Прилеп за да кулминира со овие трки кои ги организиравме за прв пат лани, и оваа сега.

Коментари

Коментари

Реклама