Едукативно-забавен портал на Град Прилеп

10bez10.com

26°

Временска прогноза

26° 18.10 / Сре
18° 19.10 / Чет
17° 20.10 / Пет
17° 21.10 / Саб
23° 22.10 / Нед
17° 11°23.10 / Пон
16° 24.10 / Вто

Банкометар

Банкометар

10bez10.com

Содржина

Содржина

Екипата на Победа ќе добие санцкии за влез на навивач на теренот на дуелот против Шкупи, затоа што Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) отпочна дисциплинска постапка против тимот.

Gol.mk: Победа на дисциплинска кај ФФМ, клубот ќе мора пак да се сели од Прилеп!? - pobeda shkupi navivach

За време на дуелот против чаирчани на терен влета навивачи со македонско знаме и тоа предизвика неколкуминутен прекин, а потегот би можело скапо да ги чини прилепчани, затоа што според пропозициите казната која ќе биде изречена би можела да биде биде играње на домашните мечеви - надвор од дома. Според членот 51 од правилникот, клубот одговара за однесувањето на своите гледачи, а доколку настанат нереди пред, за време и по одигрувањето на натпреварот, следат ригорозни санкции.

Првата точка е забрана за одигрување од 2 (два) до 12 (дванаесет) натпревари на свој терен, додека под точка два стои одигрување од 2 (два) до 12 (дванаесет) натпревари без присуство на гледачи. Покрај забраната, клубот за недолично однесување на гледач би можел да добие и казна од 5.000 евра.

Gol.mk: Победа на дисциплинска кај ФФМ, клубот ќе мора пак да се сели од Прилеп!? - pobeda chlen 51 ffm min

Победа го одигра првиот „домашен“ дуел во Првата лига против Шкупи, на стадионот во Могила, место кое се наоѓа близу Прилеп. На трибините имаше над 3.000 гледачи, потег со кој Прилеп покажа дека го сака фудбалот. Но, влетувањето на терен би можело скапо да ги чини прилепчани и да им го скрати уживањето од фудбал на домашен терен.

ФФМ дополнително ќе одлучува на оваа тема. Дисциплинецот на федерацијата ќе има куп работа, затоа што уште не се изречени казните за Вардар и Шкендија, кои се дадени на дисциплинска поради своите навивачи „Комити“ и „Балисти“.

Gol.mk

Коментари

Коментари

Реклама