Едукативно-забавен портал на Град Прилеп

10bez10.com

14°

Временска прогноза

14° 13°19.10 / Саб
20° 15°20.10 / Нед
21° 15°21.10 / Пон
20° 14°22.10 / Вто
20° 13°23.10 / Сре
19° 12°24.10 / Чет
19° 12°25.10 / Пет

Банкометар

Банкометар

10bez10.com

Содржина

Содржина

Меѓу 20-те ракометни единици што се дел од Ракометната Академија на Вардар се наоѓа и Филип Вардар од Прилеп. Град во кој постојат многу спортски колективи и кој во минатото беше силен ракометен центар, сега повторно се надева дека набрзо ќе може да се пофали со сопствени кадри.

Александар Танески: Новата лига ќе ни помогне полесно да ги препознаеме талентираните деца - rk filip vardar

Александар Таневски е одговорниот во клубот Филип Вардар од Прилеп.

Прилеп е ракометен град, па колку е лесно да се направи ракометна школа, и да се анимираат младите да тренираат ракомет?

Да, Прилеп е ракометен град, но не е само ракометен туку и спортски град. Со оглед колку школи функционираат во сите спортови па и не е така лесно. Последно време ракометот добива на популаризација благодарение на високите дострели и успеси конкретно на РК Вардар и на репрезентативно ниво. Од кога постои РК Филип, и колку деца се дел од школото, и кои возрасни категории ги опфаќа? * РК Филип постои официјално од април 2007 год. Највозрасните членови се родени 1998 год. а најмлади се членови родени 2008 година. Постојано се зголемува бројката на деца што сакаат и што тренираат ракомет, што навистина не радува.

Дел сте од Ракометната академија на Вардар, колку е тоа придобивка за вас, и што добивате како дел од тоа членство?

Придобивката е голема, пред се поставеноста и стручноста на раководството на Академијата, опремата и реквизитите отстапени за одвивање на тренажен процес, а добиваме и се повеќе членови што значи има голем интерес од страна на децата. Кога си во некој организиран систем полесно се функционира во секоја смисла.

Минатиот викенд почна да функционира Вардар јуниор лигата. Колку е таа лига потребна за напредување на оние што тренираат ракомет?

Лигата и самата идеа за создавање на овој проект е повеќе од потребна, колку повеќе се игра ракомет надвор од тренингот толку повеќе и по брзо се напредува. Децата се она што го тренираат треба некаде и да го покажат, а оваа лига ќе ни помогне и полесно да ги препознаеме талентираните и правилно да се насочат во развојот сите што тренираат ракомет.

Колку е потребно работа за да се стигне до некој резултата, или сега повеќе на виделина излегува талентот кај децата?

Талентот е не спорен доколку го поседува некое дете, но тоа е само талент, со работа т.е тренинг и само тренинг резултатот доаѓа сам по себе. Каде се одржуваат тренинзите на РК Филип, и кои возрасни категории се застапени.

Како да се стане член на ова ракометно школо?

Тренинзите на РК Филип Вардар се одржуваат во Универзална Сала на Тутунски комбинат во Прилеп. За да се стане член е многу лесно, достапни сме секогаш за секој кој сака да добие информација, дали е тоа преку рекламниот материјал кој ни е поставен или социјалната мрежа Facebook, електронска адреса или локалниот веб портал. Треба само да се има желба, а ние сме тука да им помогнеме да децата полесно да ги совладаат ракометните вештини.

Контакт информации РК Филип – Вардар (Прилеп) Александар Таневски - тел: 078 303 400 email: rk.filip@gmail.com

Коментари

Коментари

Реклама