Едукативно-забавен портал на Град Прилеп

10bez10.com

33°

Временска прогноза

33° 25°23.08 / Пет
30° 22°24.08 / Саб
30° 19°25.08 / Нед
28° 18°26.08 / Пон
26° 18°27.08 / Вто
25° 20°28.08 / Сре
27° 19°29.08 / Чет

Банкометар

Банкометар

10bez10.com

Содржина

Содржина

Ракометната Академија Вардар во рамките на целокупниот проект Вардар има голем придонес во крајната цел за оформување и обука на ракометари и ракометари уште од најмала возраст.

РК „ФИЛИП - ВАРДАР“ од Прилеп стартува со победа во новата сезона  - filip-vardar

За конкретните цели се ангажирани еминетни домашни и странски стручни имиња за кои ракометната па и пошироката јавност имаат можност да се запознаат преку турнирот кој се одржува секој Јануари месец,преку медиумите,школите низ внатршноста на државата за кои посебно се заинтересирани и несебично ги помагаат .

Оваа сезона 2015/2016 година, ракометната Академија „Вардар“ започна со организација на своја лига во младински категории која започнува во средината на месец Октомври. Преку повеќе од 600 деца покажаа интерес за учество во таа лига што само по себе кажува колкав е интересот. Како дел од истиот проект е РК „Филип-Вардар“ од нашиот град. Паралелно со учеството во Вардар лигата, РК „Филип-Вардар“ учествува и во младинските лиги на Ракометната федерација на Македонија.

РК „Филип-Вардар“ е дел од ракометната Академија „Вардар“ со точно прецизирани права и обврски благодарение на поранешниот прилепски ракометар Александар Таневски.

Таневски вели дека ова е одлична можност за децата кои тренираат кај нас да покажат што знаат,напредокот ни е приоритет и ке го задржиме правецот кој го имаме пред нас и во иднина.

Нашата ориентација заедно со Ракометната Академија Вардар е јасна,унапредување и овозможување на што може подобри услови за работа со млади категории на ракометари и ракометарки. Интересот е голем за членство кај нас,самата бројка од 140 членови во моментов ја покажува желбата кај децата за овој спорт ни изјави Марјан Николоски тренер во РК „Филип-Вардар“.

Изминатиот викенд започна пионерската лига во рамките на Ракометната федерација на Македонија,машките пионери на РК Филип Вардар во 1 коло одиграно на гости ја издвојуваат првата победа оваа сезона во градското дерби против Макалоски.

Видно задоволен тренерот на РК „Филип-Вардар“, Александар Таневски изјави дека е ова само почеток на она што следува со оваа генерација.

Тренинзите се одвиваат во неколку спортски сали во зависност од категориите,важно е да се потенцира дека во моментов најголем интерес за упис во Академија има од деца машки и женски родени 2007/08/09 година.

Коментари

Коментари

Реклама