Едукативно-забавен портал на Град Прилеп

10bez10.com

25°

Временска прогноза

25° 32°23.08 / Пет
30° 22°24.08 / Саб
30° 19°25.08 / Нед
28° 18°26.08 / Пон
26° 18°27.08 / Вто
25° 20°28.08 / Сре
27° 19°29.08 / Чет

Банкометар

Банкометар

10bez10.com

Содржина

Содржина

Фудбалскиот клуб “Талент” од Прилеп, годинава полни 10 успешни години од основањето. Во почетокот броеше 15 членови, но сега брои 120-130 фудбалерчиња групирани во 8 категории, од кои се истакнале повеќе првотимци, како кај нас, така и надвор од државата.

ФК „Талент“ - Прилеп бележи десет години од своето постоење - talent

Тренери во клубот се Дарко Димески, Роберт Трајковски и Иле Митрески. Клубот се натпреварува во пионерска лига и во сите категории во лигата на петлиња организирана од страна на ФФМ.

Во категоријата петлиња има 13-14 екипи од регионот, во повеќе селекции и на крајот од сезоната екипата на ФК „Талент“ завршувала во топ 4 екипи.

ФК “Талент” моментално е во преговори за соработка со германската компанија за автомобили -“BRASS”, за донации и помош на клубот и неговите членови.

Оваа компанија треба да го потпомогне клубот со опрема која ќе се користи во претстојната натпреварувачка сезона. Клубот има учествувано на повеќе турнири надвор од нашата држава, во Ешеленс (Лозана)-Швајцарија, Панчево-Србија, Неготин Краина-Србија, и мн. други турнири во и надвор од Македонија.

Главна амбиција, како што велат од ФК „Талент“ им е создавање на млади успешни кадри и квалитетни фудбалери, пред се за нашиот матичен клуб ФК Победа од Прилеп, но и за надвор од државата.

Уписите на нови членови се вршат на почеток на учебната година, во Септември, и на крајот на учебната година во Јуни. ФК “Талент” за секое дете обезбедува бесплатна опрема и бесплатен превоз, со напори и самофинансирање од самиот клуб.

Коментари

Коментари

Реклама