Едукативно-забавен портал на Град Прилеп

10bez10.com

20°

Временска прогноза

20° 26°21.07 / Нед
27° 19°22.07 / Пон
24° 17°23.07 / Вто
24° 17°24.07 / Сре
25° 20°25.07 / Чет
27° 20°26.07 / Пет
28° 21°27.07 / Саб

Банкометар

Банкометар

10bez10.com

Содржина

Содржина

Ракометниот клуб Прилеп вчера од 18:00 часот во спортскиот центар Могила ги стартуваше подготовките за новата сезона.

РК Прилеп официјално ги претстави Tурченко и Рајчиќ  - rk prilep zasiluvanje

Како и поголемиот дел од македонските екипи така и прилепчани беа активни на трансфер пазарот па во градот под Марковите кули пристигнаа и првите засилувања кои денеска беа претставени на официјална прес-конференција.

Украинскиот репрезентативец Дмитриј Турченко (24) кој игра на позицијата десно крило,и е син на добро познатиот Сергеј Турченко, ракометарот кој долги години беше дел од македонскиот ракомет настапувајки за екипите на Борец и Младост од Богданци, како и српскиот чувар на мрежата Милош Рајчиќ(25) кој пристигнува од екипата на Рудар Костолац се првите засилувања за прилепчани.

Претходно клубот постигна договор со поранешниот македонски репрезентативец Томче Петрески кој се враќа во клубот во кој ја започна својата кариера, овој пат во улога на тренер. Помошник на Петрески ќе му биде Ице Соколески.

Во наредниот период се очекува прилепчани да ги објават имињата на следните засилувања со кои треба да се комплетира составот кој ќе ја води битката за што подобар пласман во македонското ракометно првенство.

Коментари

Коментари

Реклама