Едукативно-забавен портал на Град Прилеп

10bez10.com

Временска прогноза

-6°13.12 / Чет
-3° -3°14.12 / Пет
15.12 / Саб
16.12 / Нед
17.12 / Пон
18.12 / Вто
-1°19.12 / Сре

Банкометар

Банкометар

10bez10.com

Содржина

Содржина

Во сенка на информацијата дека Прилеп успеал да се договори со поранешниот македонски репрезентативец Томче Петрески за преземање на тренерска функција, остана реалноста која не е многу розова во градот под „Марковите кули“.

Четворица играчи си заминаа од РК Прилеп - vardar rk prilep

Периодов, клубовите главно ги покажуваат амбициите со ангажман на нови играчи и исчекување на стартот на подготовките. Такви се Работнички, Пелистер, Вардар (Ј), Радовиш... Во Прилеп, не е така. Ракометниот колектив Прилеп остана без четири ракометари, а не е доведен ниту еден нов.

Заминаа двете големи лански засилувања. Златко Мојсоски се пресели во Работнички, а Васко Димитровски во унгарскиот Естерхази. Прилеп остана и без голманот Дејан Михајлоски и бекот Кире Митревски... кои исто така заминаа од екипата.

За утеха продолжени се договорите со два ракометара, голманот Менде Божиноски и плејмејкерот Јованче Талески, но тоа е премалку за повторување на ланскиот успех во моменти кога лигата ќе биде далеку посилна од ланската. Сепак, начинот на кој се игра Супер лигата кај нас дава многу простор за екипите да можат да манипулираат со средствата што ги имаат на располагање.

Доволно е да се има тим кадарен да го одржи нивото во првиот дел од Лигата, а по тоа во февруари да се засили тимот. На тој начин се штедат пари за плати во првите четири месеци од првенството.

Sport.com.mk

Коментари

Коментари

Реклама