Едукативно-забавен портал на Град Прилеп

10bez10.com

19°

Временска прогноза

19° 21°19.08 / Пон
28° 20°20.08 / Вто
28° 20°21.08 / Сре
29° 21°22.08 / Чет
30° 23°23.08 / Пет
30° 20°24.08 / Саб
29° 19°25.08 / Нед

Банкометар

Банкометар

10bez10.com

Содржина

Содржина

На одржаниот Светскиот куп за кадети и јуниори и јуниори до 21 вo Умаг,Хрватска, карате репрезентативците на Македонија, во ката освоија два бронзени медала и едно 5то место.

karate reprezentacija umag

Медалите ги освоија Фери Исиќ со три победи и еден пораз,фери во мечот за бронза го победи натпреварувачот од Хонг Конг. Кај јуниорките Маријана Димоска до мечот за финале стигна со три убедливи победи од 5-0 над репрезентативките на Канада, Шведска, Хрватска, а во мечот со Словеннката загуби со 3-2,а во мечот за бронза победи со 5-0 со репрезентативката на Австрија.

Мишела Димоска заврши на 4 место,имаше две победи над Шведска, Австрија а во мечот за бронза загуби од Италјанката Лиса Пиви. Кадетката Киријана Камческа по убедливите победи во првите две кола во полуфинале по завршеток на катата заборави да се поклони на судиите и заради таа административна грешка службено го загуби мечот, т.е беше дискфалификувана.

Киријана заслужи финале и загуби сигурен медал.Сите три девојки се и членови на ката тимот на македонија и сите три имаат 10 медали од Светските Купови Карате 1 Маријана и Мишела имаат две бронзи од Светски Куп Умаг 2014,Маријана има злато а Мишела сребро од Светски Куп Крф 2013.

Маријана има сребро а Мишела бронза од Светски Куп Салзбург 2013 ,Киријана има две сребра и бронза од Светски Куп 2012,2013,2014. Задоволен сум од настапот на трите девојки и од Исик,иако не само според мое мислење туку и на другите селектори од другите држави Мишела реално требаше да освои бронза а на маријана и беше одземено финалето од фаворизираната словенка која на сите меѓусебни средби на балканските првнества, губи од близначките.

Киријана е сама виновна заради деконцентрација и непоклонување кон судиите,инаку имаше сигурно финале и медал.Но на грешките се учи а нивната форма ке оди во нагорна линија за да достигне врв за Светското првенство во Џакарта во Ноември. На овој пат до Џакарта,Светскиот Куп во Умаг беше прв чекор,следно е медитеранското првенство во Египет,и Карате 1 премиер лигата во Истанбул каде очекувам нови успеси - вели Златко Димоски

На првентсвото од Македонија во делот на судиите на претставија Златко и Елизабета Димоски.Инаку настапија 700 каратисти од 45 земји меѓу кои Хонг Конг,Австралија,Кина,Шпанија,Италија,Кувајт,Шведска,Индија,Јужна Африка

Коментари

Коментари

Реклама