Едукативно-забавен портал на Град Прилеп

10bez10.com

14°

Временска прогноза

14° 13°19.10 / Саб
20° 15°20.10 / Нед
21° 15°21.10 / Пон
20° 14°22.10 / Вто
20° 13°23.10 / Сре
19° 12°24.10 / Чет
19° 12°25.10 / Пет

Банкометар

Банкометар

10bez10.com

Содржина

Содржина

„Фудбалска еуфорија! За Победа, за Прилеп…Биди таму!“, стои во повикот на прилепските „Мајмуни“, кои организираат навивачки караван.

Навивачки каравани од Прилеп ќе ја бодрат „Победа“ во Скопје - pobeda-belasica plakat

Прилепска Победа и струмичка Беласица се двата македонски фудбалски клубови, кои утре ќе се судрат во првиот бараж-меч за пласман во Втората лига, а дербито ќе се одигра на стадионот во Ѓорче Петров, каде се очекува пекол со присуство на навивачи на двата табори.

Најавени се навивачки каравани од двата македонски градови за утре, но и за во недела, за кога е закажан реванш мечот од овој бараж двомеч. За очекување е дека стадионот во Ѓорче Петров ќе биде преполн и дека фудбалерите ќе играат во фантастичен амбиент.

Прилепчани сезонава беа во фокусот и поради одличната посета на домашните мечеви во третата лига, па за очекување е дека ќе има инвазија на навивачите од најфудбалскиот град во земјава, кој настрада по аферата за местенката со Пјуник и седум години буквално исчезна од фудбалската карта во Македонија. Во градот под Марковите кули владее вистинска еуфорија, затоа што триумф за Победа и пласман во втората лига би било враќање на голема врата на поранешниот двоен македонски шампион.

Коментари

Коментари

Реклама