Едукативно-забавен портал на Град Прилеп

10bez10.com

33°

Временска прогноза

33° 25°23.08 / Пет
30° 22°24.08 / Саб
30° 19°25.08 / Нед
28° 18°26.08 / Пон
26° 18°27.08 / Вто
25° 20°28.08 / Сре
27° 19°29.08 / Чет

Банкометар

Банкометар

10bez10.com

Содржина

Содржина

На крос-кантри трката која се одржа во Скопје изминатиов викенд во организација на Атлетската федерација на Македонија, Илија Пајмакоски од Прилеп го освои првото место со што се закити со титулата државен првак до 23 години на 8 км со најдобро време од 27:06.

Прилепскиот атлетичар Илија Пајмакоски државен првак во крос-кантри - pajmacheto

На трката стартуваа околу 90 тина натпреварувачи во сите категории од најдобрите клубови во Македонија.

Наредни трки на кои Пајмакоски иам закажано учество се  „Мето Крос“ на 3 километри , „Трчаме кон целта“ и „Скопскиот Маратон“ на кој оваа година ќе трча во трката на 5 километри, и е еден од фаворитите за првите 3 места.

Веќе интензивно се спрема и за најважните за него трки оваа година на Европските атлетски игри, во кој Македонија се натпреварува во трета лига, кои ќе се одржат во Баку, и Сениорската балканијада.

Во 2014 Пајмакоски беше државен првак на 1500 м и јуниорски и сениорски, државен првак во крос-кантри и планинско трчање до 19 години, беше дел од репрезентацијата на Македонија, на Светското планинско трчање во Италија и Европскиот Крос кој се одржа во Самоков -  Р. Бугарија.

Коментари

Коментари

Реклама