Едукативно-забавен портал на Град Прилеп

10bez10.com

19°

Временска прогноза

19° 21°19.08 / Пон
28° 20°20.08 / Вто
28° 20°21.08 / Сре
29° 21°22.08 / Чет
30° 23°23.08 / Пет
30° 20°24.08 / Саб
29° 19°25.08 / Нед

Банкометар

Банкометар

10bez10.com

Содржина

Содржина

Двократниот шампион на Македонија, екипата на Победа од Прилеп по неколку години минати во агонија се чини повторно се враќа сериозно на мапата на фудбалска Македонија.

Прилепска „Победа“ се враќа со квартет засилувања - pobeda pp

Во пресрет на стартот на пролетниот дел во Третата лига – Југ, каде што во моментот настапува Победа, на прес-конференција беа презентирани квартет засилувања. Нови имиња кои се сликаа со “црвено-белиот” дрес се искусниот и дологодишен интернационалец Кемал Аломеровиќ, потоа повратникот од хрватски Интер Запрешиќ, Нове Ацески, голманот од Пелистер, Дејан Апостоловски и Александар Ѓорѓиевски.

На пресконференцијат пред продолжувањето на сезоната за амбициите и очекувањата на клубот зборуваа претседателот на клубот, Горан Хаџи-Ристески, спортскиот директор Ендрју Брус и тренерот на екипата, Златко Петрески. За издвојување е тоа што беше обелоденето дека клубот го враќа старото име Победа со оглед на тоа што досега настапуваш и со додавката “Јуниор”.

Во моментот екипата на Победа која со новите засилувања и реорганизација во клубот јасно стави до знаење за амбициите, по есенскиот дел од полусезнава во Третата лига – Југ со освоени 31 бод се наоѓа на делба на првото место со Вардар од Неготино.

Коментари

Коментари

Реклама