Едукативно-забавен портал на Град Прилеп

10bez10.com

27°

Временска прогноза

27° 14°18.09 / Сре
20° 19.09 / Чет
15° 20.09 / Пет
17° 11°21.09 / Саб
20° 15°22.09 / Нед
23° 14°23.09 / Пон
13° 10°24.09 / Вто

Банкометар

Банкометар

10bez10.com

Содржина

Содржина

На натпреварот кој се одржа во Маврово, во дисциплината алпско скијање-велеслалом, во одлична организација на Алпски Скијачки Клуб Скади, зедоа учество преку 60 деца од цела Македонија, меѓу кои на велеслаломската патека настапија и тројца скијачи од Прилеп.

 Прилепските скијачи на пиедестал во Маврово „Скади куп 2015“ - prilepski skijaci

Ева Грозоска 13 год, Борјан Стрезоски на возраст од 10 год и Иван Николоски 12 год. Во конкуренција со многу деца кои тренираат скијање, нашите преставници од Прилеп освоија две сребрени медали и одличното 4то место во нај масовната категорија.

Децата го сакаат скијањето, и со голем ентузијазам и љубов скијаат за време за распустот и секој викенд на скијачките терени во Македонија, Банско и Грција.

 „Децата беа пресреќни, тие се рекреативци. Честитки за овој голем успех затоа што се натпреваруваа во конкурекција со деца кои активно тренираат скијање. Ние сме ентузијасти и скијаме насекаде со децата, но тоа не е исто како и скијањето за време на тренинзите во ски клубовите. Го сакаме скијањето и сакаме во Прилеп да има што повеќе скијачи, и еден ден да се гордееме со некој кој ќе прерасне во врвен скијач воедно и преставник на нашиот град. Прилеп заслужува скијачки клуб“ - изјави нивниот тренер Даниел Василески.

Ова е показател дека Прилеп може да биде скијачки град на исто ниво како и другите градови каде што постојат клубови и се негува овој спорт. 

Коментари

Коментари

Реклама