Едукативно-забавен портал на Град Прилеп

10bez10.com

13°

Временска прогноза

13° 12°19.10 / Саб
20° 15°20.10 / Нед
21° 15°21.10 / Пон
20° 14°22.10 / Вто
20° 13°23.10 / Сре
20° 13°24.10 / Чет
19° 12°25.10 / Пет

Банкометар

Банкометар

10bez10.com

Содржина

Содржина

На Балканското карате првенство за кадети и јуниори и јуниори до 21 година кое се одржа во Софија, македонската карате репрезентација освои три златни медали и повеке сребрени и бронзени медали.

Прилепските каратисти од Софија се вратија со седум медали  - prilepski karatistki  vo Sofija

Прилепските каратисти се вратија со седум медали од кои репрезентативци членови на ККРонин се вратија со 6 медали од кои два се златни еден сребрен и три бронзени медали а бронзен медал во ката тим за кадети и јуниори освои тимот на ККБонсаи. Од ККРонин злато освоија кадетката Анасатасија Матеска во ката кадетки која имаше пет победи над Србија,Соманија ,Црна Гора,Словенија и во финале повторно со Србинка.

Злато освои и ката тимот во состав Мишела и Маријана Димоски и Каракашоска Искра во ката тим во јуниорки до 21 година (иако имаат по 16 години се натпреваруваа со многу повозрасни 21 година и освоија злато)).

Сребро освои Мишела Димоска која во финалер стигна со 4ри победи над Словенија,Грција,Србија,Црна Гора а загуби од турчинката Бозан Дилара на која наиде и Маријана Димоска во мечот за финале.Маријана Димоска освои бронза со четири победи над Романија,Србија,Хрватска,Словенија.

Бронза освои и Марија Матракоска која имаше четири победи а за финале загуби од србинката Младежиќ,Матракоска настапи и во категоријата борби -55кг каде загуби за бронза со тесен резултат 1-0.Бронза освои и ката тимот во јуниорки и кадетки (14-17 години) близначките Димоски и Каракашоска кои за финале загубија од Турскиот тим со голема неправда на двајца судии кои им помогнаа на многу послабиот турски ката тим да извојува тесна победа со 3-2.

Неправдата беше исправена кога истиот македонски ката тим-близначките Маријана и Мишела со Искра подоцна настапија во посилната и повозрасна категорија за јуниорки до 21 година каде освоија златен медал. Во најсупешните натпреварувачи на првенството од сите 11 земји учеснички се вбројуваат близначките со освоени по три медал Мишела по еден медал злато,сребро и бронза а Маријана со еден златен,и два бронзени медали.

На Балканското првенство настапија 9 репрезентативци од ККРонин а покрај освојувачите на медали настапија и Андреј Бошкоски,Марија Зероска,и Матеа Талеска а Киријана камческа по три победи имаше можноста во четвртиот меч да се бори за бронза но загуби од српската репрезентативка исто така и Искра каракашоска имаше три победи.

Ова беше и последниот филтер за репрезентативците кои ке настапат на Европското Првенство во цирих 2015 во Фебруари.

Коментари

Коментари

Реклама