Едукативно-забавен портал на Град Прилеп

10bez10.com

14°

Временска прогноза

14° 13°19.10 / Саб
20° 15°20.10 / Нед
21° 15°21.10 / Пон
20° 14°22.10 / Вто
20° 13°23.10 / Сре
19° 12°24.10 / Чет
19° 12°25.10 / Пет

Банкометар

Банкометар

10bez10.com

Содржина

Содржина

Повремениот македонски репрезентативец голман, Дарко Тофилоски, кој досега бранеше во словачкиот прволигаш Кошице, најверојатно својата кариера ќе ја продолжи во францускиот второлигаш Турс.

Прилепчанецот Тофилоски ја продолжува голманската кариера во Франција - tofiloski-koshice

Тофилоски (28), кој уште пред некој месец најави дека во новата година нема да остане во Словачка, според медиумите од оваа земја, е пред финализирање на трансфер кај тимот кој и летово сакал да го ангажира за 350.000 евра.

„Минатото лето сѐ беше договорено, но поради повредите на Тофилоски не се реализираше трансферот. Сега би требало да ја завршиме работата до 20 декември, откако Дарко ќе ги заврши задолжителните медицински прегледи“ - изјави претседателот на Кошице, Блажеј Подолак.

Подолак информира дека Тофилоски е можно да оди во Франција на позајмица, иако желбата на Словаците е комплетен трансфер.ж

Sportmedia.mk 

Коментари

Коментари

Реклама