Едукативно-забавен портал на Град Прилеп

10bez10.com

Временска прогноза

21.11 / Сре
22.11 / Чет
23.11 / Пет
24.11 / Саб
25.11 / Нед
10° 26.11 / Пон
27.11 / Вто

Банкометар

Банкометар

10bez10.com

Содржина

Содржина

Алекс Талески е талентиран млад фудбалер кој може да биде иднината на македонскиот фудбал. Иако е роден во Австралија, неговите корени се од Македонија, поточно од Прилеп.

Прилепчанецот кој се врати од Австралија да игра фудбал за Македонија, нов младински репрезентативец - Aleks

Пред да наполни 18 години Талески станува дел од тимот на „црвено-црните“ потпишувајќи во летниот преоден рок 2018 година. Игра на позицијата во средниот ред, како офанзивен фудбалер.

Талески раскажува дека по неговото враќање во Македонија започнал да го живее својот сон а тоа е како што вели да биде дел од фудбалското семејство.

После моето доаѓање во Македонија почнав да работам интензивно и тоа ми овозможи да бидам дел од првата екипа на ФК Вардар. Со помош на професионални тренинзи, утакмици и припремите со првата екипа со Вардар ми се отвори патот да бидам повикан и да бидам дел од македонската репрезентација 19 каде што имам изиграно две пријателски утакмици и постигнато два гола “ - вели Талески.

Многу млади започнуваат со овој спорт од мали нозе што не бил исклучок и самиот тој. Талески вели дека одкако знае за себе игра фудбал вели ако младиот човек се одлучи за некој спорт потребно е да има голема волја и трпение.

Фудбалот сам по себе бара многу трпение и посветеност. Секојдневни тренинзи за кои што потребно е да се размисли два пати како времето ќе се распредели.

Се разбира голем дел од времето потребно е да се помини на терен, многу падови за да се стигне до посакуваниот успех вели Талески појаснувајќи дека во моментот е презадоволен од професионалноста во тимот на ФК Вардар. За македоснкиот спорт Талески истакнува дека има квалитетен млад кадар со кој Македонија може да се гордее.

Задоволен сум од професионалноста на репрезентативните тренинзи. Сакам да истакнам дека воп оследните години македонскиот фудбал е во подем особено со успехот на младинската репрезентација за европското првенство. Тоа ни покажува дека премногу се работи со млад и квалитетен кадар. Мојата визија од секогаш била да играм професионален фудбал како што тоа ми се случува во моментов“ - вели Талески.

Секој млад човек кој што сака да се занимава со овој спорт – потребно е да има поставено цел пред семе вели Талески потенцирајќи дека доколку тоа не постои се друго ќе биде залудно потрошено време. Љубовта кон фудбалот младиот репрезентативец вели никогаш не згаснува, се што треба е волја и трпение за овој спорт ако се сака успех како на домашен така и на меѓународен терен.

Коментари

Коментари

Реклама