Едукативно-забавен портал на Град Прилеп

10bez10.com

20°

Временска прогноза

20° 20°19.08 / Нед
28° 19°20.08 / Пон
25° 18°21.08 / Вто
26° 20°22.08 / Сре
27° 16°23.08 / Чет
28° 16°24.08 / Пет
26° 16°25.08 / Саб

Банкометар

Банкометар

10bez10.com

Содржина

Содржина

Во четврток 17. мај 2018 од 20.00 часот вo киното Мис Стон премиерно ќе се прикаже филмот „Исцелител“. Репризата е во петок 18.5. 2018 во 20.00 часот.

По шест месечната успешна фестивалска турнеја, филмот „Исцелител“ ќе биде прикажан и во Прилеп - Iscelitel Poster mk nov datum

Влезниците се по цена од 100 денари. Доколку има интерес филмот ќе се прикажува и следните денови.

По шест месечната успешна фестивалска турнеја на филмот „Исцелител“ на светските филмски фестивали, филмот ќе се прикажува и во Прилеп, во кино Мис Стон.
„Исцелител“ од својата премиера на 9-ти ноември досега, за само шест месеци, се прикажуваше на 23 светски филмски фестивали, од кои два беа од А категорија. Филмот освои 9 меѓународни награди, меѓу кои 5 беа за најдобар филм.

„Исцелител“ е прв македонски филм добитник на награда на филмскиот фестивал во Солун во 58 годишното постоење на фестивалот. Тој е добитник и на наградите за најдобар филм во Санта Барбара, САД; Бергамо Филм Митинг, Италија; Филмскиот фестивал во Обањ, Франција и на фестивалот Let’s CEE во Виена.
„Исцелител“ беше прикажан на три филмски фестивали во САД, исто толку во Индија, на најголемиот фестивал во Иран, на еден од најголемите фестивали во Кина,на фестивал во Колумбија, на престижниот „Црни ноќи“ во Естонија и на многу други европски филмски фестивали.

За филмот бравурозни рецензии објавија неколку од најзначајните светски филмски списанија меѓу кои и „Variety“, „Holywood Reporter“, „Screen Daly“ и „Senses of Cinema“, но и значајни балкански и македонски списанија.

Коментари

Коментари

Реклама