Едукативно-забавен портал на Град Прилеп

10bez10.com

20°

Временска прогноза

20° 20°19.08 / Нед
28° 19°20.08 / Пон
25° 18°21.08 / Вто
26° 20°22.08 / Сре
27° 16°23.08 / Чет
28° 16°24.08 / Пет
26° 16°25.08 / Саб

Банкометар

Банкометар

10bez10.com

Содржина

Содржина

Градоначалникот Илија Јованоски присуствуваше на меѓународната полициска средба организирана од невладината организација „ИПА регион Прилеп“,  која се одржа за прв пат во Прилеп во хотелот „Сонце Га“.

Прилеп дел од меѓународната борба против дрогата - prilep protiv drogata

На средбата присуствуваа полициски делегации од околу десетина држави, а целта на настанот беше „Заедно против дрогата“. Општина Прилеп ќе биде дел од проектот во кој ќе бидат опфатени основните и средните училишта, а вториот дел е збратимување на ИПА регионот Македонија – Прилеп,  заедно со ИПА регионот Загреб од Хрватска.

Присуствуваме на Меѓународна полициска средба, која за прв пат се одржува во Прилеп. Борбата против дрогата продолжува, а јас како градоначалник на Општина Прилеп секогаш ја поддржувам оваа акција. Оваа асоцијација во Прилеп работи веќе неколку години. На вечерашната манифестација се збратимуваат асоцијацијата од Прилеп со Загреб. Ова е вистинско задоволство за мене, бидејќи Прилеп влегува во меѓународни рамки во борба против дрогата“, истакна градоначалникот Јованоски.

Активно работиме веќе седум години и активно ги собираме искуствата од соседните држави од колегите од другите региони. Имаме остварено повеќе средби во Италија, Франција, Холандија, Белгија… Имавме размена на наши полициски службеници кои заминаа во Германија, од Германија беа тука кај нас, со Полска исто така имаме добра соработка, но со соседите од овие балкански простори навистина имаме супер соработка. Имавме голема желба и ние како дел од светската организација да направиме, нешто кое што ќе биде запаметено и  сакам да се заблагодарам на тимот околу мене, без нив ова немаше да се оствари. Првата ИПА меѓународна средба е во Прилеп и освен збратимувањето што е почеток на проект со Локалната самоуправа, проект кој е од големо значење за граѓаните. Во проектот под мотото „Заедно против дрогата“, а се вклучени сите средни и основни училишта. Со ова сакаме да покажеме дека освен нашите полициски ангажмани заедно со граѓаните и родителите ќе им помогнеме на младите генерации од се оттргнат од злото на денешницата“, вели Зоран Велкоски,претседател на секторот ИПА за Прилеп.

Гостите од соседството посочија дека со дрогата се справуваат заеднички. Меѓусебната комуникација, споделувањето на искуствата и секако нивната активност и посветеност придонесуваат да се надминат голем број случаи поврзани токму со трговијата на дрога.

Коментари

Коментари

Реклама