Едукативно-забавен портал на Град Прилеп

10bez10.com

17°

Временска прогноза

17° 25.09 / Вто
11° 26.09 / Сре
12° 27.09 / Чет
14° 28.09 / Пет
15° 12°29.09 / Саб
14° 11°30.09 / Нед
21° 01.10 / Пон

Банкометар

Банкометар

10bez10.com

Содржина

Содржина

Прилепчанката Славица Велјаноска (55) се соочува со сериозни социјални проблеми. Таа подигнала кредит во една од комерцијалните банки, па сега голем дел од пензијата во висина од преку 10.000 денари ги ефектуира банката, за месечниот ануитет.

 slavica veljanoska.jpg

Живеам сама, немам пари, имам главоболки, постојано примам терапија, не знам како да живеам натаму“,вели Велјаноска.

Таа порано со својата пензија живеела во домот за стари лица во Прилеп,„Киро Крстески-Платник“. По своја желба го напуштила домот, и одлучила да живее сама. Откако подигнала поголема сума кредит, парите што и остануваат по исплата на месечната рата не и се доволни за живот.

Велјаноска нема блиски контакти со поширокото семејство. Граѓани реагираа на социјалните мрежи, барајќи помош од заедницата.

Од Меѓуопштинскиот центар за социјална работа истакнуваат дека стручна екипа ја побарала,но не ја затекнала во домот. Денеска повторно екипа од центарот, ќе ја посети Славица во нејзиниот дом.

Ќе бидат преземени сите мерки во рамките на нашите надлежности, за да и се помогне на оваа наша сограѓанка. Стапивме во контакт со членови на нејзиното семејство, коишто не информираа дека по своја желба го напуштила домот за стари лица и дека по подигнување на кредитот се влошила нејзината социјална положба“,вели Живко Силјаноски,директор на центарот.

Од Општина Прилеп информираат дека, како и за сите други, така и за овој случај се интервенира во соработка со Меѓуопштинскиот центар за социјална работа и домот за стари лица „Киро Крстески –Платник“.

Откако случајот се појави на социјалните мрежи, веднаш го контактирав директорот на центарот за социјална работа. Социјални работници вчера стапија во контакт со семејството, ќе биде избрано најдоброто решение за Славица, онака како што дозволува законската регулатива и согласно со стручните оценки на тимовите од центарот“,изјави градоначалникот Илија Јованоски.

Тој потенцира дека Општина Прилеп, подготвува и Програма за социјална заштита, во согласност со Националната програма  од Министерството за труд и социјална политика и во тие рамки ќе се помага на граѓаните што припаѓаат на категоријата социјално загрозени поединци, семејства,стари лица, лица со одреден хендикеп…

Во тек е проектот ‘Социјална мобилност’ што е наменет за помош на немоќните лица.Околу 800.000 денари од општинскиот буџет ќе бидат наменети за овој проект, преку којшто се работно ангажирани 6 лица до крајот на годината. Тие ќе им пружат помош на немоќните граѓани, ќе им купуваат лекови, храна, ќе им асистираат доколку треба да одат на лекар … Едноставно како Општина целта ни е да им помогнеме на секаков можен начин на нашите сограѓани“,акцентираше градоначалникот Јованоски.

Коментари

Коментари

Реклама