Едукативно-забавен портал на Град Прилеп

10bez10.com

20°

Временска прогноза

20° 20°19.08 / Нед
28° 19°20.08 / Пон
25° 18°21.08 / Вто
26° 20°22.08 / Сре
27° 16°23.08 / Чет
28° 16°24.08 / Пет
26° 16°25.08 / Саб

Банкометар

Банкометар

10bez10.com

Содржина

Содржина

Од среда 17-ти јануари, Дрекслмајер Македонија официјално ги отвори вратите на својот инфо центар и канцеларија за регрутација во Прилеп.

Дрекслмајер отвори инфо центар во Прилеп - DRAXLMAIER kancelarija prilep

Целта е преку отворањето на инфо центарот компанијата да биде поблиску до своите вработени од Прилеп, но и до сите останати кои се заинтересирани да се придружат на тимот на Дрекслмајер. Во отворената канцеларија секој може да добие информации за компанијата и да аплицира директно за вработување. Персоналот стои на располагање да одговора на прашања и секако да ги води заинтересираните кандидати низ процесот на аплицирање.

„Драго ни е што неколку стотини вработени од Прилеп и неговата околина се ангажирани во Дрекслмајер во Кавадарци и што тие во нашата компанија гледаат стабилен и сигурен работодавач. Дрекслмајер е партнер на овој регион, а ние и понатаму ќе продолжиме да ја зајакнуваме стекнатата доверба и добра соработка,"

- истакна генералниот директор на Дрекслмајер Македонија, Лукас Мирингер на отворањето на инфо центарот.

При своето обраќање тој им се заблагодари на присутните претставници на Општина Прилеп и Агенцијата за вработување за досегашната успешна соработка со надеж дека така ќе остане и во иднина.

Дрекслмајер вработува персонал од целиот Тиквешки регион, како и Прилеп, Велес и околните места и со над 5.000 вработени е еден од поголемите работодавачи во Македонија. Преку отворањето на инфо центарот компанијата ќе го засили своето присуство во прилепскиот регион и ќе го олесни првичниот контакт со заинтересираните апликанти.

Ги покануваме сите заинтересирани да го посетат инфо центарот во Прилеп и да се информираат за отворените работни позиции во повеќе области како што е производство, инженерство, администрација. Нашите врати се отворени секој работен ден од 08:00 до 18:00 часот.

Ве очекуваме да нѐ посетите!

Канцеларијата се наоѓа на булеварот Гоце Делчев бб.

Коментари

Коментари

Реклама