Едукативно-забавен портал на Град Прилеп

10bez10.com

Временска прогноза

11°23.10 / Вто
11° 24.10 / Сре
25.10 / Чет
18° 26.10 / Пет
19° 27.10 / Саб
18° 10°28.10 / Нед
17° 12°29.10 / Пон

Банкометар

Банкометар

10bez10.com

Содржина

Содржина

Прилепскиот градоначалник Илија Јованоски тврди дека не избркал ниту еден вработен од општинската администрација, како и дека нема намера тоа да го направи во иднина.

Јованоски: Не е избркан ниту  еден вработен во oпштината - ilinja muceto

Појаснува дека на работа во општината повеќе не доаѓаат шеесеттина лица кои имале договор до 31 декември 2017 година. 

Договорите кои претходниот градоначалник им ги склучил на шеесетина лица, истекоа на 31 декември, со што заврши и работата на тие лица. Претходниот градоначалник сметал дека нивниот ангажман треба да биде до 31 декември 2017 година и јас тука ништо не можам да направам. Она што во иднина треба да го работи општинската администрација, онолку колку што мислам дека ќе има потреба од вработени, ќе ангажираме толкав број на квалитетни и стручни кадри - рече тој одговарајќи на новинарско прашање за тоа дали е вистина дека со негов „амин“ се избркани одредени кадри од општината.
Вели дека нема, како што тоа било правено досега, вработените да се држат на „стендбај“ само за да служат како гласачка машинерија.
Вработувањата ќе бидат на неопределено време, најавен е оглас каде ќе можат сите да конкурираат и ќе бидат избрани најдобрите. Така што, се што беше кажано се само лаги и манипулации на некои портали и на ВМРО-ДПМНЕ. Ова прашање треба да му го постават на претходниот градоначалник - изјави Јованоски, на прес-конференцијата со Локалниот спортски сојуз - Прилеп.

Коментари

Коментари

Реклама