Едукативно-забавен портал на Град Прилеп

10bez10.com

19°

Временска прогноза

19° 21°19.08 / Пон
28° 20°20.08 / Вто
28° 20°21.08 / Сре
29° 21°22.08 / Чет
30° 23°23.08 / Пет
30° 20°24.08 / Саб
29° 19°25.08 / Нед

Банкометар

Банкометар

10bez10.com

Содржина

Содржина

Моментно се работи на делницата од Фаришката до Дреновската клисура, која чини 31, 8 милиони евра. За третата фаза од Тројаци до Плетвар, вклучувајќи го и влезот во Прилеп, се обезбедени шест милиони евра грант од Европската Унија.

Сугарески: Обезбедени средства за експресниот пат Прилеп-Градско - sugareski min

Обезбедени се сите потребни средства, околу 70 милиони евра, за изградбата на експресниот пат Прилеп-Градско. Сега се гради делницата од Фаришка до Дреновска кллисура, изјави министерот за транспорт и врски Горан Сугарески кој денеска беше дел од владината делегација за чествување на делото на Блаже Конески во Небрегово.

Пред десетина дена го потпишавме договорот со Европската унија за финансирање на вториот дел од експресниот пат, конкретно делницата од Градско до Дреново. Тоа е грант од 35,4 милиони евра преку ИПА-програмата. Избрана е градежната компанија која ќе ја гради делницата и очекувам до почетокот на ноември годинава да започнат градежните работи на оваа делница долга 15 километри, за што рокот е до 2019 година.

- рече Сугарески.

Како што потенцираше, моментно се работи на делницата од Фаришката до Дреновската клисура, која чини 31, 8 милиони евра. За третата фаза од Тројаци до Плетвар, вклучувајќи го и влезот во Прилеп, се обезбедени шест милиони евра грант од Европската Унија. Сите три фази за изградбата на патот чинат околу 70 милиони евра. Како што најави Сугарески, патот треба да биде готов кон крајот на 2019 и почетокот на 2020 година.

Телевизија 24

Коментари

Коментари

Реклама