Едукативно-забавен портал на Град Прилеп

10bez10.com

-1°

Временска прогноза

-1° -1°21.01 / Вто
22.01 / Сре
-0°23.01 / Чет
24.01 / Пет
25.01 / Саб
26.01 / Нед
27.01 / Пон

Банкометар

Банкометар

10bez10.com

Содржина

Содржина

По повод Денот на сесловенските просветители „Свети Кирил и Методиј“ денеска во Прилеп, по 12 пат се одржа традиционалната велосипедска трка „Сите на велосипед“.

Во Прилеп се одржа традиционалната велосипедска трка „Сите на велосипед“ - timthumb

Околу 300 учесници ја стартуваа оваа велосипедска тура од 20 километри од центарот на Прилеп. Организатор на оваа традиционална трка е прилепскиот велосипедски клуб „Илинден“.

Според Драган Димитриоски, претседател на клубот „Илинден“, целта на трката е да се промовира велосипедот како еколошко и најприфатливо средство за патување кое не ја загадува животната средина.

Трката е од ревијален карактер и нема победници. Целта е да се промовира велосипедизмот како спорт, рече Димитриоски. Прилепскиот градоначалник Марјан Ристески ја отвори трката и им посака успешна трка на учесниците.

По стартот учесниците возеа до населеното место Мало Коњари и назад во градот. Во трката се приклучија и велосипедисти од Кривогаштани. На спортскиот аеродром во Мало Коњари беа доделени традиционалните награди за најмладиот и најстариот учесник на трката од двете општини.

Коментари

Коментари

Реклама