Едукативно-забавен портал на Град Прилеп

10bez10.com

20°

Временска прогноза

20° 20°19.08 / Нед
28° 19°20.08 / Пон
25° 18°21.08 / Вто
26° 20°22.08 / Сре
27° 16°23.08 / Чет
28° 16°24.08 / Пет
26° 16°25.08 / Саб

Банкометар

Банкометар

10bez10.com

Содржина

Содржина

„Демистификација на меѓуетничките конфликти“ е проектот со кој прилепската невладина организација АГТИС викендов во Прилеп спроведе обука за подигање на свеста за меѓуетничките конфликти кај средношколската младина во Македонија.

АГТИС ги демистифицира меѓуетничките конфликти меѓу средношколците - 17571177 10208623992813036 697134544 o

Александар Цветкоски – НВО Агтис

Известување на заедницата е форма на „мало новинарство“. Средношколци од 5 градови посетија таква обука во Прилеп овој викенд и учеа како да препознаат политичка манипулација во јавноста и средните училишта и околу нив, како превентивно да делуваат против евентуално меѓуетничко насилие и како сето тоа да го претстават на јавноста, институциите и на социјалните медиуми. Се разбира, тоа беше поврзано и со актуелната општествена ситуација кај нас и со нејзината демистификација. Справувањето со „колективистичките“ идеологии и јакнењето на „личниот код“ беше „душа“ на обуката. Тие знаат: Ако си личност а не „припадник“, политичките мистификации, иако опасни, стануваат смешни и голи пред разумот. На личноста палка и конфликт не и требаат.

Обуката беше дел од проектот Демистификација на меѓуетничките конфликти, финансиран од Американската амбасада, во реализација на невладините организации АГТИС, ИРЗ, АДИ, МКЦ, Зенит и Мултиетникум.

Гости и предавачи на обуката беа професорот на Универзитетот од Југоисточна Европа во Тетово и аналитичар Сефер Тахири, новинарот Горан Величковски и новинарот Божидар Барлакоски.

Сефер Тахири – профеор и аналитичар

Средбата која што се одржа во Прилеп беше една добра прилика за средношколците да можат да се зпознаат асо нови сознанија околу влијанието на медиумите, функционирањето на комуикацискиот систем и прд се околу развивањетона демократијата и на некој начин развивање на нивното критичко размислување околу политичките процеси и феномени во државата. Сметам дека преку вакви проект на овој начин се развива политичката култура и кај младите се развива еден вид на мислење кое треба да биде критичко и аналитичко и општеството и реалноста не трба да ја сфаќаат како што им е сервирана од медиумите и политиката, туку треба да направат деконструкција на таа реалност со тоа што на некој начин искуствата на луѓето кои беа предавачи ќе им бидат поука д ане ги повторат грешките на предходните генерации во минатото.

Стратегиите за остварување на проектните замисли се земени од средини во кои се употребени и проверени. На обуката, средношколците беа обучувани да развијат вештини за општествено известување во форма на граѓанско новинарство преку основни новинарски техники на пишување, видео обука за снимање и монтирање на кратки видео прилози и користење на социјалните медиуми во ансока на вмрежување и ширење на информациите.

Александар Цветкоски – НВО Агтис

Да допреш до младиот човек е тешко. Ние постарите веќе премногу сме ги разочарале и не ни веруваат. Не ги обвинуваме. Сите ние „возрасните“ веќе долго сме дел од едно исто лицемерие, кое младите ги искористува и ги става пред шалтерите за билети во еден правец.

Коментари

Коментари

Реклама