Едукативно-забавен портал на Град Прилеп

10bez10.com

34°

Временска прогноза

34° 25°23.08 / Пет
30° 21°24.08 / Саб
30° 17°25.08 / Нед
28° 19°26.08 / Пон
28° 17°27.08 / Вто
24° 20°28.08 / Сре
26° 19°29.08 / Чет

Банкометар

Банкометар

10bez10.com

Содржина

Содржина

Нема отсуства на ученици, освен неколку случаи на оправдани отсуства поради здравствени причини. Нема групни отсуства од наставата. Инспекторатот исто така одлучи да не го казни директорот на прилепската гимназија, Кире Николовски, за кого опозицијата тврдеше дека ги поттикнувал учениците да протестираат против албанската платформа.

Државниот просветен инспекторат не пронајде докази против директорот на прилепската гимназија - gimnazija 610x400

Од соопштението на Државен просветен инспекторат

Врз основа на контролата спроведена од Инспекторатот во С.У “Мирче Ацев“ во Прилеп не се исполнети условите од членот 109 став 1, алинеја 1 и став 2 од Законот за средно образование за постоење на прекршок и изрекување санкција.

Народниот правобранител пак, се сомнева во одлуката на Инспекторатот. Иџет Мемети најавува постапка за утврдување на веродостојноста на одлуката на ова државно тело.

Иџет Мемети - народен правобранител

Инспекторатот не смее да се однесува така и да рече дека немаме докази, кога докази имаме од медиумите, дури и изјави од директорите на училиштата. Секако дека Народниот правобранител врши мониторинг на работата на Инспекторатот за тоа дали тие постапката ја водат законски. Од денес ние во канцеларијата на Народниот правобранител ќе отвориме постапка за Државниот просветен инспекторат за да се утврди дали Инспекторатот работи согласно законот или и тие се политизирани и се обидуваат да затворат постапки или да скријат јасни докази.

,Народен правобранител Од друга страна, од детската амбасада Меѓаши, велат дека учеството на деца и ученици на протести го загрозува соживотот. Освен Меѓаши и други невладини организации и родители побараа децата да не бидат злоупотребени за политички цели.

Коментари

Коментари

Реклама