Едукативно-забавен портал на Град Прилеп

10bez10.com

19°

Временска прогноза

19° 21°19.08 / Пон
28° 20°20.08 / Вто
28° 20°21.08 / Сре
29° 21°22.08 / Чет
30° 23°23.08 / Пет
30° 20°24.08 / Саб
29° 19°25.08 / Нед

Банкометар

Банкометар

10bez10.com

Содржина

Содржина

Група родители денеска достави писмо со барање за оставка на директорот на гимназијата „Мирче Ацев“, Кирил Николоски, итно свикување на родителски совет и покренување постапка за одговорност на директорот кој вчера поддржа политичко агитирање во гимназијата.

Група родители бараат оставка од директорот Кирил Николоски - kiril nikoloski direktor gimnazija mirche acev

Револтирана сум од вчерашната случка во нашата гимназија. Директорот Кирил Николоски им држеше политички говор на учениците по нивните кажувања, и со тоа ги наведуваше да протестираат. Се прашувам како е можно човекот кој го газеше македонското знаме сега да е во улога на патриот и да го штити знамето? Јас како родител на ученик во гимназијата барам одговорност од директорот.

Поради тоа денес со група родители во насока на искажување на нашиот револт и загриженост од однесувањето на директорот и дел од професорите од кои очекуваме дека ќе застанат во заштита на нашите деца, побаравме морална одговорност од Николоски

- изјави Мери Цветаноска, родител на ученик во гимназијата.  

+Инфо

Револтирани родители пред вратата на директорот:
Не ги терај нашите деца на протест

Група од педесетина револтирани родители на учениците од прилепската гимназија Мирче Ацев во Прилеп денеска одржаа мирен протест пред училиштето и го искажаа својот револт од барањето на директорот Кирил Николоски учениците да излегуваат на протести.

Родителите пред гимназијата побараа да не се злоупотребуваат нивните деца и велат дека се загрижени за безбедноста на децата кои треба да бидат на настава, а не на протести.

Ние сме собрани загрижени родители во врска со настаните во гимназијата предизвикани од директорот Киро Николоски кој на децата им држеше политички говор и ги повикуваше со сила да излезат на протест насилно. Бараме негова одговорност и му поставуваме барање да не свика во проширен состав на родителски совет, а потоа да свика родителска средба на сите родители за да ни објасни кои се причините децата да ги повикува на протести. Се надеваме дека ќе ни излезе во пресрет и дека ќе ги остави нашите деца да учат,

рече Илија Маркоски родител на ученичка.

Матеуда Спиркоска, родител на ученик во Мирче Ацев вели дека ќе се обратат до Просветниот инспекторат, Министерството за образование и локалната самоуправа со цел да побараат негова одговорност.

Децата кажуваат дека немаат комплетна настава, ослободени се од професори кои јавно им кажуваат дека ќе одат на протест и ги повикуваат. Гимназијата беше гордост за поранешни ученици, дно е некој директор да повикува на протест и да држи политички говори. Прилеп и директорот кажаа дека просветните работници не се бираат по квалитет туку од штабовите на ВМРО-ДПМНЕ. Оставка да се побара и криивчна одговорност,

вели Мартин Андоноски.

A1ON

Коментари

Коментари

Реклама