Едукативно-забавен портал на Град Прилеп

10bez10.com

25°

Временска прогноза

25° 32°23.08 / Пет
30° 22°24.08 / Саб
30° 19°25.08 / Нед
28° 18°26.08 / Пон
26° 18°27.08 / Вто
25° 20°28.08 / Сре
27° 19°29.08 / Чет

Банкометар

Банкометар

10bez10.com

Содржина

Содржина

Колку некој и да сака да повлече паралела помеѓу „Шарената револуција“ и актуелните протести организирани од иницијативата „За заедничка Македонија“, разликите меѓу нив се и премногу очигледни.

Зградите на прилепскиот булевар осамнаа испишани со заканувачки пораки - prilep-bulevar-ispishani-zakanuvachki-poraki

Не само според нивната идеолошка матрица, ако за последните протести воопшто и може да се зборува за идеологија, според начинот на организација и структурата на учесниците, туку пред сѐ според реториката на говорниците и односот кон околината и кон другите граѓани кои не се приврзаници на последната граѓанска иницијатива.

Вербалните и физичките напади врз новинарите и граѓанските активисти станаа составен „декор“ на последните протести. Кога се во прашање протестите во Прилеп, граѓаните беа непријатно изненадени од испишувањето пароли по ѕидовите на објекти кои се во приватна сопственост. Така, веднаш после протестот одржан во петокот, на неколку згради долж булеварот „Гоце Делчев“ по кој се движат протестантите беа испишани пароли со заканувачки и навредливи пораки упатени кон неистомислениците. Се разбира, не треба воопшто да се занемари и естетскиот дел, односно нарушувањето на изгледот и нагрдувањето на изгледот на приватните објекти.

„Без разлика што не ми се допаѓаат политиките на ВМРО-ДПМНЕ, немам ништо против приврзаниците на оваа партија да го искажуваат своето незадоволство и да протестираат. Тоа е нивно право. Меѓутоа не ја гледам потребата вака да се чкртаат и нагрдуваат објекти кои се во наша сопственост, во приватна сопственост. Навистина не ја гледам потребата од тоа и мора да кажам дека сум револтиран од тоа што го направија со нашата зграда. На што личи ова? Кој ќе ја плати направената штета?“

прашува еден од станарите на зградата која во петокот осамна испишана со пароли.

Еден од лидерите на „Шарената револуција“ во Прилеп, Жарко Стеваноски, вели дека разликата меѓу минатогодишните и сегашните протести е евидентна. „Мета на „Шарената револуција“ кај нас во Прилеп беше единствено општинската зграда, како место во кое локалните функционери ги реализираат ненародните и криминални одлуки. Протестите кои деновиве се случуваат во градот се нешто сосема друго. Исто така, во „Шарената револуција“ учествуваа обични луѓе кои на својот грб го почувствувале резултатот на погрешните политики на актуелната власт, додека во протестите за некаков „спас на Македонија“ учествуваат локални функционери, директори на јавни претпријатија, училишта, раководители и нивните семејства, а во првите редови се наоѓа највисокиот врв на локалната власт на чело со прилепскиот градоначалник“, вели Стеваноски.

Стеваноски упати прашања до локалните власти за висината на штетата која е направена врз приватните имоти на граѓаните со испишувањето текстови со кои се потикнува меѓунационална омраза и нетрпение, од причина што минатата година против 8 лица кои ја шараа зградата на Општина Прилеп беа поднесени прекршочни пријави.

Инаку денес во Прилеп ќе продолжат протестите на иницијативата „За заедничка Македонија“.

Зоран Милошески / Слободна

Коментари

Коментари

Реклама