Едукативно-забавен портал на Град Прилеп

10bez10.com

19°

Временска прогноза

19° 21°19.08 / Пон
28° 20°20.08 / Вто
28° 20°21.08 / Сре
29° 21°22.08 / Чет
30° 23°23.08 / Пет
30° 20°24.08 / Саб
29° 19°25.08 / Нед

Банкометар

Банкометар

10bez10.com

Содржина

Содржина

Денес ОО на СДСМ од Кривогаштани против градоначалникот на Општина Кривогаштани Тони Заткоски поднесе кривична пријава за злоупотреба на постапката за јавен повик и доделување договор за јавна набавка, за злоупотреба на службена положба и овластување, како и за бесправно градење.

Дијана Ацеска - советник во Општина Кривогаштани од СДСМ

Во текот на 2013 година градоначалникот Тони Заткоски во својата Програма на реализирани проекти објави податок за реализација на проект за изградба на парк и фонтана во Општина Кривогаштани и парк и фонтана во с.Врбјани. Во програмата стои дека за реализација на фонтаната и паркот биле потрошени вкупно 300.000,00 денари буџетски средства. При реализацијата на овие два проекта направен е криминал при што се злоупотребени средствата на граѓаните, повреден е Законот за јавните набавки, нарушена е конкуренција на заинтересираните субјекти и предизвикана е штета на буџетот на Општина Кривогаштани

Покрај градоначалникот Заткоски, со пријавата се сомничат и други одговорни лица во локалната самоуправа на Општина Кривогаштани, јавните претпријатија и правните лица кои учествувале во реализацијата на овие два проекта. Од Општинската организација на СДСМ – Кривогаштани најавуваат дека ќе започнат со иницирање на постапки заради утврдување на кривична одговорност на органите на Општина Кривогаштани, службените и одговорни лица вработени во локалната самоуправа како и јавните претпријатија, сѐ до целосно утврдување на незаконитостите во функционирањето на актуелната власт.

Коментари

Коментари

Реклама