Едукативно-забавен портал на Град Прилеп

10bez10.com

20°

Временска прогноза

20° 20°19.08 / Нед
28° 19°20.08 / Пон
25° 18°21.08 / Вто
26° 20°22.08 / Сре
27° 16°23.08 / Чет
28° 16°24.08 / Пет
26° 16°25.08 / Саб

Банкометар

Банкометар

10bez10.com

Содржина

Содржина

„Фасадата држи, темелите тонат...на институциите“ цели кон промовирање предвидливост, пресметливост и транспарентност на владата и владините институции, или: добро владеење.

 „Фасадата држи, темелите тонат... на институциите“ - проект на невладината организација АГТИС од Прилеп - agtis plakat

Воспоставениот систем „од многу реформи на институциите да не се гледа нивната залудност“ е на умирање. Така, низ овој проект ние сакаме да пласираме анкетна слика за состојбата на институциите и довербата во нив, за да поттикнеме јавна дебата за ваквата состојба, нешто што е многу пати пробано досега, но без потребната методологија.

Овој проект нуди таква рамка наречена „Општествен Капитал“ (јавни договори, кои се над сите други парцијални интереси). Засега ние имаме само две ставки на ОК тоа се ЕУ и НАТО, а и двете се силно „нападнати“ со теории на заговор, кои се повторно ОСД. Факт е дека земја без ОК не може да се развива, државата ќе се дезинтегрира, а јавниот морал и поредок ќе престанат да постојат.

За тоа да не се случи потребен е јавен договор (ОК) за партиско откажување од манипулација преку ОСД. Договорот од Пржино требаше да биде точно тоа. Во секојдневието ОСД (во чист вид) ќе го препознаеме низ скоро народните: „И ти да беше така ќе правеше“, „тие да не беа поарни“, „не краде – се снаоѓа“, „сите се исти“, „види ти паметно копиле“, „краде, но на функција си е“, „секој ја користи функцијата“, „ако крадат, ама и на народот даваат“, „ами вие што правевте во ваше време“, „таква ни била судбината“, „к’сметот ни е таков“, „сите не мразат“, „сите работат против нас“...

Политиката знае за механизмот на ОСД. Има и многу пософистицирани политички обработки на овој синдром, а објаснувањето би не одвело во антропологијата.Основно е дека ОСД, посебно ако е поддржан од медиумите е рушител на јавниот морал.

Институциите, ако се здрави, многу лесно го компресираат и елиминираат ОСД низсистемот на компетентност и стручност и мерит систем нанапредување во кариерата. Експертите се резистентни нажелбите на властите!!! Заради тоа политиката нив не гисака, ниту во своите редови, ниту на раководни места.

Дали станавме ОСД држава?

Општествено структуиран дефект (ОСД) е традициски начин на размислување, каде народот ги правда и рационализира актуелните негативни појави, настани и однесување и ги прифаќа како позитивни, подносливи или барем „не полоши од порано“. ОСД синдромот се активира при голем колективен стрес и когнитивна дисонанца. Традициски гледано, Македонија обилувала со вакви ОСД појави во минатото и на таа поента паразитираат политичките партии, кои создаваат нови ОСД содржини. Жртвата од тоа е јавниот морал, етика и естетика. ОСД е карактеристика на преддемократските држави.

Коментари

Коментари

Реклама