Едукативно-забавен портал на Град Прилеп

10bez10.com

14°

Временска прогноза

14° 13°19.10 / Саб
20° 15°20.10 / Нед
21° 15°21.10 / Пон
20° 14°22.10 / Вто
20° 13°23.10 / Сре
19° 12°24.10 / Чет
19° 12°25.10 / Пет

Банкометар

Банкометар

10bez10.com

Содржина

Содржина

По повод 8 годишнината од загинувањето на нашата и балканска музичка ѕвезда, Тоше Проески во Прилеп ќе се одржи меморијален ракометен турнир меѓу екипите на ракометните ветерани на Македонија и од Нова Градишка, Хрватска.

Во Прилеп: Меморијален турнир во чест на Тоше Проески - tose-proevski-1-610x400

По тој повод во посета на Македонија и во Прилеп пристигна делегација предводена од заменик-градоначалникот на Нова Градишка Лилјана Лукачевиќ. Лукачевиќ се сретна со градоначалникот Марјан Ристески и нагласи дека цела Нова Градишка го негува споменот на Тоше, а еден од облиците е меморијалниот ракометен турнир.

Не зближи трагичниот настан, загинувањето на Тоше Проески кај Нова Градишка. Доаѓаме првпат по осум години за да покажеме дека го почитуваме она што Тоше го работеше, не само како пејач, туку и како исклучителна личност, како мисионер на верата, љубовта и надежта. Со години Нова Градишка е домаќин на ракометните ветерани и на маратонците. Така беше и годинава со маратонците. Ја прифативме поканата на ракометните ветерани да дојдеме во Македонија - изјави Лукачевиќ.

Според градоначалникот Ристески, загинувањето на Тоше го погоди целиот Балкан, а посетата на делегацијата од Нова Градишка е потврда дека заедно го чуваме споменот на Тоше и се она што тој создаваше и работеше.

Се потсетивме заедно на големото дело на Тоше Проески. Размениме и информации од двете општини. Се зближуваме и преку овој меморијален турнир, зашто Тоше го сакаше многу спортот - рече Ристески.

Според Среќко Георгиевски од Здружението на ракометните ветерани, турнирот кој се одржува во чест на Тоше уште од 2011 година, но во Нова Градишка, сега првпат се одржува во Македонија.

Во 2011 година стигна покана од Здружението на ракометни ветерани од Нова Градишка да го означат тој тежок ден, загинувањето на Тоше, преку спортски настан, меморијален турнир. Првите две години настапуваа само екипите на ветераните од Нова Градишка и од Македонија. Минатата година имаше четири екипи: од Нова Градишка, Македонија, екипа од Славонија и уште една која беше спој од Словенија и Војводина. В година, на турнирот кој ќе биде во јануари, ќе има 10 машки и 6 женски екипи, што значи дека прерасува во голема организација, поврзана преку споменот за Тоше.Тоа значи дека Тоше, ги спојува луѓето, изјави Георгиевски.

Тој појасни дека турнирот, кој ќе се одржи утре од 11.30 часот во салата од прилепското средно училиште „Ристе Ристески Ричко“ ќе има само еден натпревар меѓу екипите на ракометните ветерани од Нова Градишка и од Македонија.

Ова значи дека со турнирот сме како на почетокот. Претпоставуваме дека во иднина Прилеп, како ракометен град ќе стане домаќин на тој возвратен меморијален турнир во чест на Тоше Проески.

Делегацијата од Нова Градишка, предводена од заменик-градоначалникот Лилјана Лукачевиќ го посетија вечното почивалиште на Тоше Проески на Гумење во Крушево.

Коментари

Коментари

Реклама