Едукативно-забавен портал на Град Прилеп

10bez10.com

Временска прогноза

19.02 / Сре
20.02 / Чет
21.02 / Пет
-0°22.02 / Саб
23.02 / Нед
10° 24.02 / Пон
25.02 / Вто

Банкометар

Банкометар

10bez10.com

Содржина

Содржина

На 31 мај во манастирот Св. Илија, с. Витолиште во организација и под покровителство на локалната самоуправа на Општина Прилеп ќе се одржат 31-вите по ред Мариовско-мегленски културни средби.

Во Прилеп: 31-ви по ред Мариовско – мегленски културни средби - mms31

Со овие традиционални средби се негува фолклорно и културното наследство на регионите. На средбите ќе присуствуваат повеќе граѓани од Прилеп и Македонија, локалното население, како и учесници со богата културно-уметничката програма. Целта и значењето на одржувањето на средбите е зближување на населението од двата региона на Мариово и Меглен, средба на лица кои се иселиле од регионот, како и остварување на културна размена во пошироки рамки.

Покрај културно-уметничката програма, ќе се одржи и велосипедски настан со учество на велосипедисти од целата земја. Велосипедистите пристигнуваат претходниот ден и кампуваат во село Манастир, од каде што ќе биде и официјалниот старт во недела на 31 мај.

Организаторите најавија тридневна забава, по престигнувањето на гостите и поставување на кампот следува отварање на Outdoor Festival со проекција на кратки оutdoor филмови, изложба на фотографии, аеробик забава со Бубало и богата музичка програма со Ди џеи.

Она што е особено значајно за овие средби е нивниот придонес кон развојот на руралниот туризам и промовирањето на Мариовскиот регион како вонреден потенцијал со придобивките кои ги нуди чистата животна средина. Велосипедскиот настан се одржува трета година по ред со поддршка на локалната самоуправа, а придобивките се веќе препознаени и од страна на Владата на РМ и Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот за истиот да биде дел од националната програма.

Средбата ќе заврши со традиционален заеднички ручек во манастирот Св. Илија. Локалната самоуправа обезбедува и организиран бесплатен превоз за граѓаните, а тргнувањето е од пред Реклами на Булевар во 08.00 часот.

Коментари

Коментари

Реклама