Едукативно-забавен портал на Град Прилеп

10bez10.com

11°

Временска прогноза

11° 23.10 / Вто
11° 24.10 / Сре
25.10 / Чет
18° 26.10 / Пет
19° 27.10 / Саб
18° 10°28.10 / Нед
17° 12°29.10 / Пон

Банкометар

Банкометар

10bez10.com

Содржина

Содржина

Прилепскиот локален неделник „Зенит“ заедно со Регионалната стопанска комора од Прилеп  ги додели традиционалните годишни награди за бизнис на годината на манифестацијата „Избор на бизнис на годината“ што се одржа во прилепскиот ресторан „Гурман“.

Во Прилеп избрани најдобрите компании за 2014 - biznis zenit prilep

Според изборот на весникот „Зенит“ и на Регионалната стопанска комора во категоријата мали и средни претпријатија најуспешни во 2014 година се прилепските фирми „Мартекс“, „Ламинати ком“, „Атал“ и „Просперо“. Признанијата ги врачи градоначалникот на Прилеп Марјан Ристески.

Целта на манифестацијата е афирмација на фирмите, особено малите и средни компании од регионов и поттикнување на развојот на локалната економија - изјави Ристески.

Според Светлана Ристеска, еден од основачите на локалниот неделник „Зенит“ кој одбележува седум години со досега издадени над 350 броеви, весникот ги поддржува компаниите и го следи нивниот развој.

Неделникот „Зенит“ континуирано отстапува простор за да ги претстави бизнис-идеите и патот на успехот на компаниите, како и нивните инвестиции, особено во новите економски зони во Прилеп - изјави Ристеска.

Коментари

Коментари

Реклама