Едукативно-забавен портал на Град Прилеп

10bez10.com

27°

Временска прогноза

27° 14°18.09 / Сре
20° 19.09 / Чет
15° 20.09 / Пет
17° 11°21.09 / Саб
20° 15°22.09 / Нед
23° 14°23.09 / Пон
13° 10°24.09 / Вто

Банкометар

Банкометар

10bez10.com

Содржина

Содржина

Група од 40 деца преставници на Детската Амбасада за Сите Деца во Светот денес заминаа во посета на Италија, како дел од реализацијата на активностите предвидени во проектот „Градиме мостови на пријателство“.

Четириесет деца од Прилеп во посета на Италија - 40 prilepcani vo poseta na italija

Групата брои 40-тина деца и ја сочинуваат наградени ученици од основните  и средни општински училишта, деца од социјално загрозени семејства, деца на загинати бранители и деца истакнати членови на Детската Амбасада.

За време на престојот децата ќе имаат можност да ги посетат градовите Рим, Венеција, Фиренца и Светата столица - Ватикан. На оваа посета посебно внимание заслужува посетата на Ватикан каде е предвидено од страна на Детската Амбасада за Сите Деца во Светот да биде предаде нота за прием на акредитивите на Неговата Светлост Папата Францис.

Целта на оваа посета помеѓу два пријателски народи е потикнувањето на децата за нивно зближување и градење на мостови на пријателство помеѓу две држави и две култури.

Коментари

Коментари

Реклама