Едукативно-забавен портал на Град Прилеп

10bez10.com

27°

Временска прогноза

27° 14°18.09 / Сре
20° 19.09 / Чет
15° 20.09 / Пет
17° 11°21.09 / Саб
20° 15°22.09 / Нед
23° 14°23.09 / Пон
13° 10°24.09 / Вто

Банкометар

Банкометар

10bez10.com

Содржина

Содржина

За сите заинтересирани млади од 18-30 год. здружението на млади Инфо фронт - Прилеп објавува оглас за ЕВС волонтирање во Торино, Италија.

Инфо фронт - Прилеп објавува оглас за ЕВС волонтирање во Торино - Италија - info front

Организација Домаќин е STRANAIDEA, а времетраењето на проектот е 7/09/2015 - 6/09/2016 (12 месеци). Теми на проектот ќе бидат работилници со деца од предшколска возраст, работа со лица со хендикеп, организирање на театарски работилници, театарски претстави итн. На проектот ќе бидат вклучени 6 волонтери од различни земји.

Учеството за волонтерите во овој ЕВС проект е бесплатно, а волонтерот добива целосна подготовка, бесплатно здравствено осигурување, месечен надомест за храна и џепарлак и слободна карта за јавен превоз. Единствени предуслови е потенцијалниот волонтер да има основно познавање на англиски јазик и да е мотивиран за работа на проектот.

Доколку сте заинтересирани, ве молиме испратете ни CV и мотивационо писмо на infofrontprilep@gmail.com, со назнака „ЕВС во Торино“ .

Здружението на млади Инфо фронт - Прилеп работи со Европскиот волонтерски сервис од 2011 како Организација- Испраќач на волонтери, а од 2012 е исто така и Организација- Домаќин и Организација- Координатор на ЕВС проекти.

Коментари

Коментари

Реклама