Едукативно-забавен портал на Град Прилеп

10bez10.com

Временска прогноза

18.01 / Саб
-0°19.01 / Нед
-2°20.01 / Пон
-1°21.01 / Вто
22.01 / Сре
23.01 / Чет
24.01 / Пет

Банкометар

Банкометар

10bez10.com

Содржина

Содржина

Вчера над 50 објекти на подрачјето на Прилеп и Битола, беа на мета на дванаесет тима на инспектори од УЈП.

УЈП со многу катанци за Прилеп и Битола  - plomba-uprava-za-javni-prihodi
Фото: Телеграф.мк/Влатко Перковски

При контролите во Битола, откриле нерегистрирана фирма за трговија на мало со прехранбени производи, а донесле забрана за работа од 30 дена, поради немање фискален апарат, на сервис за компјутери и на продавница за мебел. 

По неодамнешниот инцидент во Битола каде непознати сторители оштетија шест службени возила, УЈП јавно најави дека ваквото однесување само остава простор за поголемо сомнение дека во конкретната општина и подрачје работат бизниси кои избегнуваат да платат данок, што се потврди и со наодите за нерегистрирање на готовинските плаќања и неиздавање на фискални сметки констатирани во 10 објекти, кои ќе бидат затворени 15 дена - се наведува во соопштението од УЈП. 

Во текот на ноќта, даночниците во Прилеп во период од 15 дена затвориле неколку продавници, за неиздавање на фискални сметки. 

На вкупно 23 правни лица и одговорните лица (Битола – 11 и Прилеп – 12) кои работеле спротивно на Законот за регистрирање на готовинските плаќања, изречени се глоби во вкупен износ од 69.000 евра во денарска противвредност, а во зависност од прекршокот објектите се затворени на 15 или 30 дена - соопшти УЈП.

+Инфо

Коментари

Коментари

Реклама