Едукативно-забавен портал на Град Прилеп

10bez10.com

19°

Временска прогноза

19° 10°20.05 / Пон
17° 21.05 / Вто
18° 13°22.05 / Сре
19° 12°23.05 / Чет
16° 10°24.05 / Пет
18° 11°25.05 / Саб
18° 12°26.05 / Нед

Банкометар

Банкометар

10bez10.com

Содржина

Содржина

Во пресрет на Коледе и Божик, повеќе од педесет деца од сите основни училишта во градот, пристигнаа во Локалната самоуправа да го најават Христовото раѓање преку коледарска литија, со песна и веселба.

Коледарската литија тргна од Општина Прилеп - koledari

Топол пречек им приредија домаќините, а Градоначалникот Ристески како татко на градот го испочитува редот и на сите гости им подари по две пакетчиња, едното божиќно полно со костени, ореви, јаболка и бонбони. Литијата ќе биде изведена од ученици кои во изминатиот период интензивно се подготвуваа за овој свет чин.

Поворката ќе тргне од црквата “Св. Кирил и Методиј”. Децата, пеејќи ја Божикната песна “Вечниот Бог”, ќе посетат повеќе домови и институции во градот. Со возобновувањето на оваа традиција, според свештенослужителите, се зацврстува вербата во Бога и во наштата православна вера.

Бадник или Коледе се нарекува денот пред роденденот на Исус Христос (Божиќ), според христијанската традиција. Според Јулијанскиот календар по кој се раководи Македонската православна црква, Бадник паѓа на 6. јануари секоја година, а Божиќ на 7. јануари.

Коледарската литија тргна од Општина Прилеп - koledari els prilep

Суштината на празникот е во радоста на христијаните пред големиот ден – Христовото раѓање. Истовремено, со овој ден завршуваат и Божиќните пости. Традиционално, Бадник се прославува кај сите христијани, но црквите кои го користат Грегоријанскиот календар го прославуваат на 24. декември. Кај сите христијански народи има низа обичаи за Бадник, осбоено поврзани со Бадниковата вечера.

Обичај е по вечерата софрата да не се крева, туку така заедно со храната да остане цела ноќ. Ова е поврзано со верувањето дека ноќта ќе дојде дедо Боже и ќе се нахрани, или во некои места, духовите на мртвите.

Богати обичаи и верувања на Бадник се поврзани со обредниот оган, како и со горењето на бадниковото дрво. Најчесто се гори пенушка од даб. Таа ноќ, како што запишал Кузман Шапкарев, “сите домашни луѓе не заспиваат туку преноќеваат будни, та од тоа се гледа дека таа ноќ е наречена: “Бадник – будник”

Коледарската литија тргна од Општина Прилеп - kolede2013 gjogdere Prilep

Вториот ден е Соборот на Света Богородица, а третиот е Свети Стефан првомаченик. Од Божиќ почнуваат 12-те таканаречени некрстени или нечисти, погани денови, кои траат се до пред Водици, денот кога Исус бил крстен.

Коментари

Коментари

Реклама