Едукативно-забавен портал на Град Прилеп

10bez10.com

33°

Временска прогноза

33° 25°23.08 / Пет
30° 22°24.08 / Саб
30° 19°25.08 / Нед
28° 18°26.08 / Пон
26° 18°27.08 / Вто
25° 20°28.08 / Сре
27° 19°29.08 / Чет

Банкометар

Банкометар

10bez10.com

Содржина

Содржина

Општинската организација (ОО) на СДСМ во Прилеп се приклучува во одбележувањето на 3 Декември, Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби и со цел да се олесни образовниот процес на децата со хендикеп, организира бесплатни часови по англиски и германски јазик за сите млади лица со посебни потреби.

СДСМ-Прилеп со бесплатни часови по англиски и германски за млади со попреченост  - sdsmprileppress

Волонтерите на СДСМ ќе даваат и бесплатни часови по математика.

Сите заинтересирани ќе можат да се пријават за бесплатните обуки во просториите на ОО СДСМ - Прилеп и на веб-сајт на општинската организација до крајот на годината, појасни Бети Тодеска.

Ваквата пракса ќе ја продолжиме и во иднина, со цел да им го олесниме социјалниот притисок на семејствата во кои има деца со посебни потреби. СДСМ веќе иницираше бесплатен јавен превоз за сите лица со хендикеп што беше изгласано во Советот на општина Прилеп и ќе продолжи со заложбите нашите сограѓани да ги добијат сите свои права. Порачуваме дека сите ние сме граѓани на Република Македонија и лицата со посеби потреби имаат право на еднакви можности и целосна интеграција во општеството - вели Тодеска.

Коментари

Коментари

Реклама