Едукативно-забавен портал на Град Прилеп

10bez10.com

-1°

Временска прогноза

-1° -0°21.01 / Вто
22.01 / Сре
-0°23.01 / Чет
24.01 / Пет
25.01 / Саб
26.01 / Нед
27.01 / Пон

Банкометар

Банкометар

10bez10.com

Содржина

Содржина

„Прилепската болница е доведена на раб на катастрофа, нема греење и топла вода ниту во болничките соби, ниту во амбулантите, ниту во операционите сали.

СДСМ: Власта да се откаже од „Ало Докторе“ и да се фати со решавање на загревањето во прилепската болница - hari-lokvenec-sdsm-pres-564x272

Како и претходнaта година, по заслуга на Владата на ВМРО-ДПМНЕ и оваа зима пациентите и докторите ќе мора од дома да си носат греалки за да се згреат, реагира Хари Локвенец , член на Извршниот одбор на СДСМ“ . Тој вели дека сметката на болницата е блокирана за долг од околу 120 милиони денари, набавката на мамограф за рано откривање на малигни болести никако да се случи, а во сите одделенија недостигаат апарати и специјалистички кадар.

За хаосот и ужасот во болницата да бидат комплетни, пациентите се приморани голем дел од лековите да си ги купуваат самите. Вака ли Груевски и ВМРО-ДПМНЕ го замислуваат здравството во 21-век? -прашува опозицијата.

Според Локвенец и според речникот на лекарите прилепската болница „Борка Талески“, се наоѓа во „клиничка смрт“.

Од СДСМ упатувата неколку прашања до министерот Никола Тодоров: Дали тој лично би се лекувал во болница, во која нема лекови и основни средства за хигиена? Дали би ја донел својата сопруга на породување во „камен ладна“ родилна сала и гинеколошко-акушерско одделение кое едвај функционира со двајца гинеколози?

СДСМ го поставува здравјето на граѓаните на прво место и од Никола Тодоров, универзалниот министер во Владата на Груевски бараме, веднаш да се откаже од замајувачки и нефункционални проекти како „ало докторе“ и да се зафати со решавање на суштинските проблеми во прилепската болница.

Коментари

Коментари

Реклама