Едукативно-забавен портал на Град Прилеп

10bez10.com

Временска прогноза

-7°16.12 / Нед
-3° -3°17.12 / Пон
-3° -5°18.12 / Вто
-3° -11°19.12 / Сре
-1° -9°20.12 / Чет
-2°21.12 / Пет
-11°22.12 / Саб

Банкометар

Банкометар

10bez10.com

Содржина

Содржина

СОУ „Наум Наумовски Борче“ од Крушево во соработка со Oпштина Крушево од наредната учебна година 2019/2020 преку доделување еднократна финансиска поддршка ќе го поттикнуваат запишувањето ученици во крушевското средно училиште.

Градоначалникот на Крушево чести по 100 евра за упис во средно - Krusevo gradonacalnik 1

На сите новозапишани во прва година во „Наум Наумовски Борче“ ќе им биде доделена еднократна финансиска поддршка во износ од 6.000 денари.

Градоначалникот на oпштина Крушево, Томе Христоски, на својот Фејсбук профил ја најави оваа нова мерка која треба на долг рок да го стимулира зголемувањето на нови ученици во СОУ „Наум Наумовски Борче“.

„Од 2019 година ги мотивираме сите деветтоодделенци од ООУ ‘Никола Карев’ при упис во прва година во СОУ “Наум Наумовски Борче’ Крушево, со тоа што добиваат стручно образование, бесплатен превоз, пракса во познати ресторани и хотели во и надвор од Крушево, размена на искуства, знаење во и надвор од Македонија, туристички тури, предност за вработување, како и еднократен паричен надоместок при самиот упис. Овозможуваме квалитетно образование, стекнување со стручност и знаење, задоволни ученици!“, напиша градоначалникот Христоски.

Инаку, според Законот, средното образование во Македонија е задолжително.

Коментари

Коментари

Реклама