Едукативно-забавен портал на Град Прилеп

10bez10.com

Временска прогноза

11°23.10 / Вто
11° 24.10 / Сре
25.10 / Чет
18° 26.10 / Пет
19° 27.10 / Саб
18° 10°28.10 / Нед
17° 12°29.10 / Пон

Банкометар

Банкометар

10bez10.com

Содржина

Содржина

Во полициските акции спроведени овој месец во тетовско и гостиварско, приведени се 70 лица кои продавале или користеле  опојни дроги, пишува СДК.мк

Сѐ повеќе малолетници дилаат и користат дрога во тетовскиот регион, социјалните служби немаат доволно кадар за помош и превенција - Policija 1200x673

Полицијата вели дека е забележливо и дека сѐ повеќе малолетници се дилери на дрога.

 

Слободно може да се каже дека ѝ објавивме отворена војна на нелегалната трговија со опојни дроги. Само во во овие две-три недели од септември приведени се 70 лица инволвирани во продажба или користење дрога, претежно марихуана, но и на хероин и кокаин. Приведените лица се од Тетово, Гостивар, од селата Пирок, Камењане, Чегране, Речане, Равен, Балиндол како и од други места од Полошкиот Регион. Приведените лица на возраст од 15 до 46 години и кај нив се пронајдени марихуана, кокаин и хероин. Загрижувачки е тоа што забележуваме дека драстично опаѓа старосната граница на корисниците, но и на дилерите на дрога. Сѐ повеќе млади и малолетници са јавуваат како консументи, но и како дилери на дрога. Нашите сознанија велат дека кај малолетниците најмногу се користи марихуаната. Тие до неа лесно доаѓаат и е поевтина, но последниов период се забележува и сѐ поголема присутност на кокаинот, како и на екстази. Токму затоа, полицијата поведува бескомпромисна битка против дилерите и корисниците на дроги. Тоа од нас го бараат и училиштата и родителите, а тоа е и наша обврска“, вели портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

Присуството на дрогата кај малолетниците го загрижува и Центарот за социјална работа во Тетово. Тука на малолетниците, кои се приведени од полицијата за поседување или користење дрога, им се пружа секојдневна психо-социјална помош, но велат дека нема доволно кадри за да може ефикасно да им се помогне на сите лица на кои им е потребна помош.

 

Ние одамна алармираме на оваа појава, дека сѐ повеќе малолетници посегнуваат по дрога. Кај нив најактуелна е консумацијата на марихуаната бидејќи е поевтина, но уште позагружувачко е тоа што кај младите владее уверение дека марихуаната не е дрога, не е штетна и не создава зависност. Тоа е сосем погрешна претстава за оваа дрога и затоа ние апелираме многу повеќе да се работи на превенција и едукација, пред сѐ со родителите, а секако и со училишта, наставнички кадар, лекарите за навременото и точно информирање на малолетната популација за штетноста од дрогата. Фактот што сега ние во центарот веќе имаме регистрирани 6 малолетни зависници од дроги, а бројот на таканаречените „пробатори“ (оние кои користат дрога поретко, најчесто за време на викенди или на журки) е неколку пати поголем, зборува дека дрогата во Тетовскиот Регион е сѐ поприсутна и дека до неа лесно може да се дојде’, вели Оливера Цветковска, психолог во Центарот за социјални работи во Тетово.

Таа истакнува дека е многу мал бројот на стручните лица во Центарот за социјална работа во Тетово, кои работат на овие проблеми на младите.

 

Јас работам на случаевите на малолетна делинквенција, користење дрога, а еден психолог работи на детска заштита, што ни од далеку не е доволно. Овие случаи што ги добиваме од полицијата и од нашите сознанија добиени од теренската работа велат дека ни е потребна многу голема екипираност за успешно да се бориме против ова зло“, вели Цветковска.

И последниот полициски случај ја надополнува сликата за се поголемата инволвираност на малолетниците во користењето дрога. Пред неколку денови, полицијата извршила рутинска  контрола на возило во кое имало 4 лица од кои двајца имале 15, а другите двајца 16 години. Освен што малолетникот кој возел бил без возачка дозвола, полицијата при претрес во возилото пронашла пакување марихуана. Малолетниците се приведени и со нив е разговарано во присуство на нивните родители.

Коментари

Коментари

Реклама