Едукативно-забавен портал на Град Прилеп

10bez10.com

19°

Временска прогноза

19° 21°19.08 / Пон
28° 20°20.08 / Вто
28° 20°21.08 / Сре
29° 21°22.08 / Чет
30° 23°23.08 / Пет
30° 20°24.08 / Саб
29° 19°25.08 / Нед

Банкометар

Банкометар

10bez10.com

Содржина

Содржина

„Ние жителите на село Иловица, како легитимни членови на СДСМ Иловица и други жители со различна партиска провиненција, во целост и со индигнација, ги отфрламе информациите изнесени во медиумскиот напис со наслов „Членови на СДСМ со ултиматум до Заев: Да се изјасни за рудникот Иловица или нема да излеземе на референдум“ како невистинити, спинувани и подготвени во „нечија кујна“.

Демант од жителите на селата Иловица и Штука по повод написот во медиумите од здружението „Здрава котлина“ - ilovica

Состанокот одржан во вторникот навечер, на кој присуствуваа жители на селото Штука, се однесуваше на претстојниот референдум на 30 септември 2018 година. Тогаш, неколкумини сограѓани се обидоа да го свртат вниманието кон прашањето за странската инвестиција рудникот „Иловица – Штука“, кој според нас, долупотпишаните, но и според други жители на селата треба да се решава после референдумот.

Исто така, во петокот навечер, се одржа состанок на жителите на село Иловица, кои воопшто не се сложија со констатациите изнесени во написот на здружението „Здрава котлина“ за состанокот одржан во вторникот навечер.

Сакаме и да му кажеме на нашиот премиер Зоран Заев дека референдумот обезбедува светла иднина за целата држава и дека, целосно, ја има нашата поддршка како граѓани на Македонија. Свесни сме дека секогаш ќе има мала група граѓани кои ќе се обидат да ја злоупотребат ситуацијата и да си дадат до значење пред македонската јавност и пред државните лидери.

Генерално, не сакаме да ги коментираме спинуваните информации проследени од еколошкото здружение „Здрава котлина“, затоа што тие не се наши легитимни претставници. За рудникот порачуваме дека после референдумот, со нашиот партиски претседател и премиер и други легитимни претставници, партиски и институционални ќе седнеме и ќе го најдоброто решение за сите нас и ќе ја почитуваме секоја одлука донесена од Владата по ова прашање“, се вели во демантот од жителите на селата Иловица и Штука по повод написот во медиумите од здружението „Здрава котлина“.

Коментари

Коментари

Реклама