Едукативно-забавен портал на Град Прилеп

10bez10.com

Временска прогноза

21.11 / Сре
22.11 / Чет
23.11 / Пет
24.11 / Саб
25.11 / Нед
10° 26.11 / Пон
27.11 / Вто

Банкометар

Банкометар

10bez10.com

Содржина

Содржина

Градоначалникот на Општина Демир Хисар Марјанче Стојановски, по објавената снимка од вчера на која им се заканува на вработени во училиште дека им ги слуша телефоните, денес беше зафатен за да ги прими новинарите. Откако утрово екипата на САКАМДАКАЖАМ.МК не успеа да го добие Стојановски на телефон, го побаравме во општинската зграда.

Градоначалникот на Демир Хисар, Стојановски, кој се заканувал со прислушување, се скри од новинарите - opshtina demir hisar

На пријавница на новинарите им било кажано дека градоначалникот е зафатен, не може да ги прими новинарите, а за сè што ги интересира може да преземат информација од соопштението на МВР.

 

Вчера откако на Интернет беше објавено аматерско видео во кое Стојановски во училиште им се заканува на вработени со зборовите: ,,Заборавивте дека во МВР работев, заборавивте дека ви ги слушам телефонските јавувања, одење по куќи“.

 

Во соопштението на МВР од вчера стои дека по насока на Јавното обвинителство од Битола, градоначалникит бил повикан во Полициската станица во Демир Хисар на информативен разговор поради објавениот видеоматеријал. Во разговорот тој кажал дека снимката е од основното училиште ,,Гоце Делчев” во Демир Хисар од јануари годинава, за време на протест одржан поради промена на две учителки.

Молк и од основното училиште ,,Гоце Делчев” во Демир Хисар, каде се случила кавгата над главите од учениците. И директорката Наташа Коруновска и нејзината заменичка беа отсутни.

 

Видеоматеријалот беше објавен вчера неппсредно почетокот на кампањата за референдумот за името, закажан за 30 септември. Но, на неа се гледа дека снимката е стара зашто сите се облечени по палта и долги ракави.

 

Од СВР Битола велат дека истрагата продолжува и се сослушуваат повеќе лица. Не откриваат дали ќе бидат сослушани и вработени во школото. Од СВР велат дека ќе се сослушаат сите што се поврзани со случајот.

 

Коментари

Коментари

Реклама