Едукативно-забавен портал на Град Прилеп

10bez10.com

22°

Временска прогноза

22° 17°17.07 / Вто
21° 16°18.07 / Сре
23° 16°19.07 / Чет
23° 15°20.07 / Пет
27° 13°21.07 / Саб
31° 17°22.07 / Нед
28° 17°23.07 / Пон

Банкометар

Банкометар

10bez10.com

Содржина

Содржина

Трите столба на Планот за економски раст беа тема на средбата на министерката Апостолска и градоначалникот Јованоски со прилепските стопанственици.

Mинистерката Апостолска и градоначалникот Јованоски со прилепските стопанственици - apostolska jovanoski

Мерките за поддршка на инвестициите од трите столбови на Планот за економски раст на Владата, беа тема на средбата на министерката без ресор, задолжена за странски инвестиции, Зорица Апостолска со градоначалникот Илија Јованоски во неговиот кабинет.

 

Критериумите и бенефитите од овие мерки им беа презентирани на заедничка средба со прилепските стопанственици што се одржа во хотелот Кристал Палас, а во организација на Општина Прилеп и Регионалната стопанска комора.

 

Денешната средба е во насока на раст и развој, што го промовира централната и локалната власт, за што повеќе нови странски инвестиции, за инвестиции во сопствените компании, што живот значат, особено за помалите претпријатија. Овде сакам да ја истакнам заложбата на министерката Апостолска и нејзиниот кабинет, за да се носат странските инвестиции во нашата држава, како и поттикот за побрз раст на домашните компании“, рече градоначалникот Јованоски.
Министерката Апостолска посочи дека, Планот за економски раст се состои од мерки поделени во три столба: за општ економски развој, за поддршка на конкурентноста и за поддршка на малите и средните претпријатија. Главни предуслови за сите мерки што компаниите треба да ги исполнат, како што рече е да прикажат пораст на приходите во последната година во однос на просекот во последните три години и ненамалување на просечниот број вработени во истиот период.
„Во рамките на Пакетот за економски раст, на развојот на државата беше донесен Законот за поддршка на инвестирање. После тоа беа донесени и правилниците за спроведување на тој закон, така што се создаде правната рамка за имплементирање на пакетот, што ќе значи поддршка на инвестирањето. Токму затоа денеска сме овде да ги приближиме сите услови, финансиски можности, за да се запознаат компаниите присутни денеска. Сакам да нагласам дека државата е спремна да даде поддршка, не само на странските, туку и на домашните инвеститори. Во тој поглед не прави никаква разлика и токму тоа ќе се одвива на многу транспарентен начин“, истакна министерката Апостолска.

Според претседателката на Управниот одбор на Регионалната стопанска комора, Ирена Јакимоска, во општина Прилеп стопанисуваат компании, што се претежно извозно ориентирани, добро етаблирани, стабилни и со активно учество во прилепската економија.

Морам да истакнам дека ги поддржуваме сите мерки што Владата ги донесе во делот на стимулирање, во делот на инвестициите и извозот. Огромно е задоволството, кога знете дека владините институции мерките ги носат заедно и во корелација со членовите на Комората и реалниот сектор“, истакна Јакимовска.

 

Мерките што значат директна финансиска поддршка на инвестирањето ги презентираше Радица Бабинска од кабинетот на министерката, а мерките од третиот столб за помош на малите и средни претпријатија, ги презентираше Бисера Јордановска од Фондот за иновации.

 

На средбата беше посочено дека со новите мерки се дава уште посилна поддршка за странските инвеститори, а пред присутните беа презентирани петте мерки од третиот столб, кои се исклучиво наменети за малите и средните претпријатија.

 

Прилепските стопанственици покажаа голем интерес за овие мерки, предложија и одредени законски измени, за кои што Регионалната комора најави и официјален допис до вицепремиерот Кочо Анѓушев.

 

Министерката Апостолска со членовите од својот кабинет за странски инвестиции и со претставници од Фондот за иновации, во рамки на денешната посета на Прилеп, остварија средби и ги посетија компаниите: „Гентерм“, „ВИК“ и „Акомпласт“, трите странски инвестиции во ТИРЗ зоната, на излезот од Прилеп, во близина кон селото Алинци.

Коментари

Коментари

Реклама